TED Talks with Macedonian transcript

Стефон Харис: Не постојат грешки на бината

TEDSalon NY2011

Стефон Харис: Не постојат грешки на бината
769,694 views

Што претставува грешката? Демонстрирајќи низ примери со неговиот импровизациски Џез квартет, Стефон Харис ни осветлува една длабока вистина: многу од однесувањата ги восприемаме како грешки, само поради тоа што не реагираме соодветно кон истите.

Ени Марфи Пол: Што учиме пред да се родиме

TEDGlobal 2011

Ени Марфи Пол: Што учиме пред да се родиме
2,517,731 views

Изненаден тест: Кога започнува учењето? Одговор: Пред да се родиме. Научната писателка Ени Марфи Пол зборува за новите истражувања кои покажуваат колку многу учиме во утробата - од ритамот на нашиот мајчин јазик, па сè до храната која ќе ни биде омилена во иднина.

Дејмон Хоровиц: Филозофија во затвор

TED2011

Дејмон Хоровиц: Филозофија во затвор
1,417,089 views

Дејмон Хоровиц предава филозофија преку затворски Универзитетски Проект, држи факултативни часови на затворениците во државниот затвор во Сен Квентин. Во овој краток, но моќен говор, тој раскажува една случка за правилното и погрешното кога тие стануваат премногу лични.

Џо Сабиа: Технологијата на раскажувањето

Full Spectrum Auditions

Џо Сабиа: Технологијата на раскажувањето
1,352,099 views

„iPad“ раскажувачот Џо Сабиа ни го претставува Лотар Мегендорфер, пронаоѓач кој, во изминатиот век создаде важна технологија на раскажувањето: релјефната книга. Сабиа покажува како новата технологија секогаш ни помага да ги раскажеме нашите сопствени приказни, од пештерските ѕидови па сè до „iPad“-от кој го држи во раката додека е на сцена.

Ален Џонс: Мапа на мозокот

TEDGlobal 2011

Ален Џонс: Мапа на мозокот
1,269,611 views

Како да разбереме на кој начин фунционира мозокот? Исто како што го разбираме градот: преку правење на мапа: Во овој визуелно запрепастувачки говор, Ален Џонс покажува како неговиот тим врши означување на активните гени одделно во секоја мала мозочна област, и воедно како сето тоа е поврзано.

Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот

TEDGlobal 2011

Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот
1,994,993 views

Неврологот Даниел Волперт тргнува од една изненадувачка премиса: мозокот еволуирал, не за да мисли или за да чувствува, туку за да ги контролира движењата. Во овој забавен и богат со податоци говор тој ни дава поглед кон тоа како мозокот ја создава елегантноста и агилноста на човечкото движење.

Пол Зак: Доверба, морал -- и окситоцин

TEDGlobal 2011

Пол Зак: Доверба, морал -- и окситоцин
1,741,186 views

Што стои позади нашата желба да се однесуваме морално? Невроекономистот Пол Зак ја демонстрира причината зошто тој верува дека окситоцинот (тој го нарекува "моралната молекула") е одговорна за довербата, емпатијата и другите чувства кои што помагаат во изградбата на едно стабилно општество.

Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби

TEDGlobal 2011

Малколм Гладвел: Чудната приказна за Норден наведувачот на бомби
2,152,234 views

Одличниот раскажувач Малколм Гладвел ја раскажува приказната за Норден наведувачот на бомби, напредна технологија од Втората светска војна што довела до навистина неочекуван резултат.

Ричард Вилкинсон: Како економската нееднаквост е штетна за општествата

TEDGlobal 2011

Ричард Вилкинсон: Како економската нееднаквост е штетна за општествата
3,198,950 views

Инстинктивно чувствуваме дека нешто не е во ред во општествата со огромни разлики во приходите. Ричард Вилкинсон графички ги претставува поразителните податоци за економската нееднаквост и покажува што е тоа што се влошува кога разликата меѓу богатите и сиромашните е преголема: вистински ефекти врз здравјето, должината на животниот век, дури и врз така основни вредности како довербата.

Греам Хил: Помалку нешта, повеќе среќа

TED2011

Греам Хил: Помалку нешта, повеќе среќа
4,988,747 views

Писателот и дизајнер Греам Хил прашува: Дали поседувањето на помалку нешта, во помал простор, води кон поголема среќа? Тој го објаснува случајот со зафаќањето помалку простор и поставува три правила за менување на вашиот живот.

Абрахам Вергес: Докторска рака

TEDGlobal 2011

Абрахам Вергес: Докторска рака
1,719,216 views

Модерната медицина се наоѓа во опасност да ја изгуби моќната, старомодна алатка: човечки допир. Докторот и писател Абрахам Вергес го опишува нашиот чуден нов свет каде што пациентите се само база податоци, и повикува да се вратиме кон традиционалниот човек на човек физички преглед.

Што научивме од 5 милиони книги

TEDxBoston 2011

Што научивме од 5 милиони книги
2,049,453 views

Дали некогаш си имате играно со „Ngram Viewer“ на Гугл? Тоа е алатка од која станувате зависни и која ви овозможува да пребарувате зборови и идеи во база на податоци од пет милиони книги. Ерез Либерман Ејден и Жан-Батист Мишел ни покажуваат како функционира оваа алатка и ни демонстрираат неколку од изненадувачките работи кои можеме да ги научиме од 500 милијарди зборови.

Џоан Халифакс: Сочувство и вистинското значење на емпатијата

TEDWomen 2010

Џоан Халифакс: Сочувство и вистинското значење на емпатијата
1,810,433 views

Џоан Халифакс, будистички духовен водач, работи со луѓе кои се во последната фаза на животот (во болници и затвори). Соочувајќи се со смртта и гледајќи како умираат луѓето таа научила многу за сочувството. Овие поуки ги споделува со нас и истовремено длабоко проникнува во природата на емпатија.

Џулиа Бака: Обрнете внимание на ненасилството

TEDGlobal 2011

Џулиа Бака: Обрнете внимание на ненасилството
857,162 views

Во 2003 година, палестинското село Будрус организираше 10 месечен мировен протест за сопирање на градењето на бариера преку нивните насади со маслинови дрва. Дали слушнавте за ова? Така и си мислев. Бразилската режисерка Јулиа Бака прашува зошто во израелско-палестинскиот конфликт обрнуваме внимание само на насилството, а не и на мировните лидери кои еден ден можат да донесат мир.

Филип Зимбардо: Изчезнувањето на мажите?

TED2011

Филип Зимбардо: Изчезнувањето на мажите?
2,470,575 views

Психологот Филип Зимбардо прашува: "Зошто момчињата се мачат?" Тој споделува некои статистики (ниски оценки на училиште, поголеми грижи за интимноста и односите) и сугерира неколку причини - и Ве замолува за помош. Погледнете го неговиот говор, потоа пополнете ј неговата кратка анкета со 10 прашања: http://on.ted.com/PZSurvey

Ив Енслер: Одненадеж, моето тело.

TEDWomen 2010

Ив Енслер: Одненадеж, моето тело.
1,526,914 views

Животот на Ив Енслер, поетеса, писателка и активистка, се одвивал во нејзината глава. Во ова силно обраќање на TEDWomen, таа зборува за нејзината целовечна одвоеност од сопственото тело и за начинот на кој два шокантни настани ѝ помогнале да се поврзе со реалноста, со физичкиот дел на бидувањето човек.

Марк Пејџел: Како јазикот го промени човештвото

TEDGlobal 2011

Марк Пејџел: Како јазикот го промени човештвото
1,708,914 views

Биологот Марк Пејџел дава интересна теорија која говори за причините поради кои кај луѓето се развил јазикот. Тој сугерира дека јазикот претставува "социјална технологија" која што им овозможила пристап на првите човечки племиња до нова моќна алатка: соработката.

Џулијан Трежер: Пет техники како да слушате подобро

TEDGlobal 2011

Џулијан Трежер: Пет техники како да слушате подобро
8,060,876 views

Во нашиот сè побучен и побучен свет, како што вели експертот за звук Џулијан Трежер, "Го губиме нашето слушање." Во овој краток и фасцинантен говор, Трежер, споделува пет техники како да го истренирате вашиот слух за свесно слушање на другите луѓе и на светот околу вас.

Пол Блум: Потеклото на задоволството

TEDGlobal 2011

Пол Блум: Потеклото на задоволството
2,137,903 views

Зошто повеќе сакаме оригинална слика отколку копија? Психологот Пол Блум вели дека луѓето се есенцијалисти -- дека нашите верувања за историјата на одреден предмет влијаат врз тоа како го доживуваме истиот, не само како илузија, туку како длабока карактеристика на задоволството (и болката).

Мет Катс: пробајте нешто ново за 30 дена

TED2011

Мет Катс: пробајте нешто ново за 30 дена
12,215,040 views

Дали постои нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но... не сте го направиле? Мет Катс предлага: Пробајте го тоа во следните 30 денови. Овој краток и охрабрувачки говор нуди нов начин за поставување и постигнување цели.

ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство

TEDActive 2011

ЏејДи Шрам: Прекинете ја штамата за преживеаните од самоубиство
1,900,451 views

Дури и кога нашите животи изгледаат убаво однадвор, одвнатре може да постои свет на тивко страдање, што некои луѓе ги тера да се самоубијат. На TEDYou, ЏејДи Шрам нè замолува да ја прекинеме штамата за самоубиствата и за обидите за самоубиство, и да ги создадеме потребните ресурси за да им помогнеме на луѓето кои се обидуваат да се вратат во живот откако ја избегнале смртта.

Стефан Сагмајстер: 7 правила за правење на поголема среќа

TED@Cannes

Стефан Сагмајстер: 7 правила за правење на поголема среќа
1,861,288 views

Со користење на едноставни, забавни илустрации, дизајнерот Стефан Сагмајстер го споделува неговото размислување за среќата во последно време -- и за свесното и за несвесното. Неговите седум правила за живот и креирање на среќа може (со извесни прилагодувања) да ги примени секој кој сака повеќе среќа.

Тери Мур: Како да си ги врзете врвките

TED2005

Тери Мур: Како да си ги врзете врвките
7,612,252 views

Тери Мур дознал дека цел живот ги врзвувал врвките на погрешен начин. Во духот на TED, тој се качува на сцена за да сподели подобар начин за врзување. (Историска белешка: Ова првиот три минутен говор на сцената на TED одржан во 2005 година.)

Едит Видер: Чудесниот и прекрасен свет на биолуминесценцијата

TED2011

Едит Видер: Чудесниот и прекрасен свет на биолуминесценцијата
1,520,226 views

Во длабокиот, темен океан, многу морски суштества создаваат своја сопствена светлина за ловење, парење и самоодбрана. Експертот за биолуминесценција Едит Видер беше една од првите која го сними овој сјаен свет. На TED 2011 таа донесе некои од нејзините светкави пријатели на сцената, и покажа неколку неверојатни филмови за светлечкиот живот во длабочините на морето.

Ron Gutman: Скриената моќ на насмевката

TED2011

Ron Gutman: Скриената моќ на насмевката
5,652,656 views

Ron Gutman анализира серија на истражувања за смеењето, и открива некои изненадувачки резултати. Дали знаевте дека смеењето може да биде показател за тоа колку долго ќе живете - и дека една едноставна насмевка има значителен ефект на вас како битие? Подгответе се да размрдате неколку мускули на лицето и да научите повеќе за овој битен детал од животот.

Луи Шварцберг: Скриената убавина на запрашувањето

TED2011

Луи Шварцберг: Скриената убавина на запрашувањето
2,302,018 views

Запрашување: витално е за животот на Земјата, но воопшто не е забележано од човечкото око. Снимателот Луи Шварцберг ни го прикажува комплексниот свет на поленот и запрашувачите со неверојатни снимки од неговиот филм "Крилја на животот," инспириран од исчезнувањето на еден од најважните запрашувачи, пчелата.

Сузан Ли: Одгледајте ја својата облека

TED2011

Сузан Ли: Одгледајте ја својата облека
1,519,065 views

Дизајнерката Сузан Ли споделува искуство од своите експерименти за одгледување на материјал на основа од комбуха што може да се користи како материјал или растителна кожа за изработка на облека. Процесот е фасцинантен, резултатите се прекрасни (иако сеуште постои еден мал недостаток...), а потенцијалот што се наѕира е просто зашеметувачки.

Мајк Матас: Дигитална книга од следната генерација

TED2011

Мајк Матас: Дигитална книга од следната генерација
1,728,557 views

Програмерот Мајк Матас ја прикажува првата целосна интерактивна книга за iPad -- со можност за лизгање на видеоснимки и графика, како и многу интересно прикажани податоци. Книгата е „Нашиот избор“, продолжение на делото „Незгодна вистина“ од Ал Гор.

Рик Елијас: Три работи кои ги научив кога се сруши мојот авион

TED2011

Рик Елијас: Три работи кои ги научив кога се сруши мојот авион
7,721,543 views

Рик Елијас седел во првиот ред на Летот 1549, авионот кој се сруши во реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009 година. Што сè му минало низ главата додека авионот паѓал надолу? Na TED, за прв пат јавно тој ја раскажува својата приказна.