TED Talks with Macedonian transcript

Дипа Нарајан: Седум верувања кои можат да ги замолчат жените и како да се ослободиме од нив

TED Talks India: Nayi Baat

Дипа Нарајан: Седум верувања кои можат да ги замолчат жените и како да се ослободиме од нив
270,639 views
No Video

Во Индија (и многу други држави), девојките и жените сѐ уште молчат пред традиционалните правила на учтивост и воздржаност, вели Дипа Нарајан, научничка по социјални науки. Во овој искрен и непосреден говор, таа идентификува седум длабоко врежани норми кои ја зајакнуваат нееднаквоста - и ги повикува мажите да помогнат во промената.

Сугвен Чунг: Зошто цртам со роботи

TED@BCG Mumbai

Сугвен Чунг: Зошто цртам со роботи
160,983 views

Што настанува кога луѓето и роботите прават уметност заедно? Во овој воодушевувачки говор, уметничката Сугвен Чунг ни покажува како го „предала" нејзиниот уметнички стил на машина - и ги споделува резултатите од нивната соработка по доаѓање до неочекувано откритие: и роботите грешат. „Убавината на човечките и машинските системи делумно се должи на нивната суштинска, заедничка грешност"- вели таа.

Хаџер Шариф: Како семејната вечера да се искористи за учење политика

TEDSummit 2019

Хаџер Шариф: Како семејната вечера да се искористи за учење политика
1,954,697 views

„Секој треба да учествува во донесување одлуки и во политика, а тоа започнува дома“, вели активистката Хаџер Шариф. Таа претставува едноставна, но сепак преобразувачка идеја: родителите можат да им пренесат знаење за политика на децата со тоа што ќе им дозволат да учествуваат во управувањето со домаќинството, преку спонтани фамилијарни состаноци каде секој може да го искаже своето мислење, да преговара и прави компромис. „Мора да ги научиме луѓето дека политичките, националните и глобалните работи се исто толку релевантни колку личните и семејните работи,“ вели таа. „Дали можете да си дозволите да не бидете заинтересиран или да не учествувате во политика?“

Виктор Весково: Што е на дното на океанот - и како се стигнува дотаму

TED2019

Виктор Весково: Што е на дното на океанот - и како се стигнува дотаму
796,803 views

Виктор Весково ја предводи првата експедиција до најдлабоката точка на секој од петте светски океани. Во разговор со кустосот на науки при ТЕД, Дејвид Биело, Весково дискутира за технологијата што ги овозможува истражувањата - подводно пловило од титаниум замислено да издржи необични услови - и ни покажува снимка од никогаш порано видено суштество, која била направена при неговото патување до дното на Индискиот Океан.

Ивон Роман: Како полицајките ги прават заедниците побезбедни

TED2019

Ивон Роман: Како полицајките ги прават заедниците побезбедни
1,621,593 views

Помалку од 13 проценти од полицајците во Соединетите Држави се жени - и покрај тоа што покажале ефикасност во смирување на насилни ситуации и ја намалиле употребата на сила. Ивон Роман, соработничка на ТЕД, со нејзиното полициско искуство во период од две децении, споделува како може едноставната промена во физичките тестови за кондиција на полициската академија да создаде балансирана сила од која ќе имаат еднакви придобивки и заедниците и полицијата.

Барбара Џеј Кинг: Тага и љубов во животинскиот свет

TED2019

Барбара Џеј Кинг: Тага и љубов во животинскиот свет
1,825,903 views

Од орки што тагуваат до потресени слонови, биолошкиот антрополог Барбара Џеј Кинг е сведок на тага и љубов низ животинскиот свет. Во овој инспиративен монолог, таа ги образложува доказите во основата на нејзините верувања дека многу животни се способни за комплексни емоции, и сугерира начини на кои би можеле да ги третираме подобро - вклучително и секој пат кога јадеме. “Животните не тагуваат како нас, но ова не значи дека нивната тага не постои,“ - вели таа. Таа постои, и е интензивна, и можеме да ја видиме ако посакаме.“

Даниел Лисмор: Мојот живот како уметничко дело

TED2019

Даниел Лисмор: Мојот живот како уметничко дело
376,941 views

Плакарот на Даниел Лисмор е веројатно малку поразличен од вашиот -- неговите алишта се изработени од необични материјали, од лименки пиво и пластични кристали, па се’ до дијаманти, кралска свила и Римски прстени коишто се стари 2000 години. Во овој впечатлив говор Лисмор ја споделува визијата што лежи во основата на неговите сложени костими и анализира како е да се живее животот како уметничко дело. "Секој е способен да си создаде сопствено ремек дело," вели тој. "Треба некогаш да пробате."

Ерика Хамден: Што е потребно да се лансира телескоп

TED2019

Ерика Хамден: Што е потребно да се лансира телескоп
1,678,684 views

Пријателот на TED и астроном, Ерика Хамден, го води тимот кој го гради „Фајербол“, телескоп кој виси од огромен балон на самиот раб од вселената и бара индиции за тоа како се создадени ѕвездите. Таа не’ води низ бурното, 10-годишно патување за тоа како идејата за телескопот да се претвори во реалност и покажува како неуспехот е неизбежен кога се поместуваат границите на знаењето.

Шепард Доелман: Историска слика за црната дупка

TED2019

Шепард Доелман: Историска слика за црната дупка
1,670,533 views

Во внатрешноста на галаксијата оддалечена 55 милијарди светлосни години, постои супер масивна црна дупка со маса од неколку милјарди сонца. Сега, за првпат можеме да ја видиме. Астрофизичарот Шепард Доелман, раководител на Ивент Хорајзон Телескоп зборува со претставникот на ТЕД, Крис Андерсон за првата слика некогаш направена од црна дупка и за долготрајниот, заеднички труд вложен во создавањето на сликата.

Керол Кедваладер: Улогата на Фејсбук во Брегзит - и заканата за демократијата.

TED2019

Керол Кедваладер: Улогата на Фејсбук во Брегзит - и заканата за демократијата.
3,749,529 views

Новинарката Керол Кедваладер во својот впечатлив говор навлегува во настани од поново време кои предизвикаа вчудоневиденост: тесната победа на референдумот во Британија во 2016 за излез од Европската Унија. Таа ги проследува резултатите од бројните лажни реклами на Фејсбук чија целна група биле лесно убедливите и неодлучни гласачи за Брегзит и ги поврзува со истите целни групи и тактики во претседателските избори во САД, во 2016. Новинарката Кедваладер ги повикува „боговите на силициумската долина“ укажувајќи им дека се на погрешната страна на историјата и го поставува прашањето: Дали слободните и фер избори се дел од минатото?

Фил Плеит: Која е тајната на научните откритија? Тоа што грешиме.

TEDxBoulder

Фил Плеит: Која е тајната на научните откритија? Тоа што грешиме.
1,760,281 views

Фил Плеит бил дел од тимот на астрономи на Хамбл Вселенски Телескоп кој мислел дека ја направиле првата непосредна слика од егзопланета. Но, дали доказите ја поткрепиле нивната претпоставка? Проследете го објаснувањето на Плеит за тоа како се одвива научната работа- низ многубројни грешки и исправки. „Цената на научната работа е да се признае кога грешите, но довивката е најдоброто можно нешто: знаење и разбирање“-вели тој.

Сами Нур Јунес: Краток осврт на борбата за еднаквост на трансродовите луѓе

TED Residency

Сами Нур Јунес: Краток осврт на борбата за еднаквост на трансродовите луѓе
1,740,694 views

Сами Нур Јунес е активист за правата на трансродови лица и гостин на ТЕД. Тој споделува една значајна и со векови долга историја на транс заедницата исполнета со одважност, инспиративна триумфалност и борба за човекови права, борба која трае долго време. „Замислете, како би разговарале кога би признале колку долго време транс луѓето се борат за еднаквост“ - вели тој.

Глен Кантаве: Како збогатената реалност го менува активизмот

TED Residency

Глен Кантаве: Како збогатената реалност го менува активизмот
395,464 views

Глен Кантаве со примена на дигитална технологија ги нагласува приказните на угнетените. Преку серија на визуелни проекти, тој го споделува својот труд со тимот на Movers and Shakers (Муверс енд Шејкерс) од Њујорк, здружение кое спроведува непосредни активности и поддржувачки кампањи за маргинализираните заедници, користејќи технологии за виртуелна и збогатена реалност, како и креативна уметност.

Лидија Махова: Тајните на учењето нов јазик

TED Salon Brightline Initiative

Лидија Махова: Тајните на учењето нов јазик
7,231,347 views

Сакате да научите нов јазик, но тоа ви изгледа страшно или не знаете од каде да почнете? Не ви е потребен посебен талент, или "јазичен ген," вели Лидија Махова. Во овој инспиративен говор, таа ја открива тајната на полиглотите (луѓе кои зборуваат неколку јазици) и споделува четири принципи кои ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот скриен талент за јазици -- и како да се забавувате додека го правите ова.

Кариса Санбонматсу: Биологијата на родот-од ДНК до мозокот.

TEDWomen 2018

Кариса Санбонматсу: Биологијата на родот-од ДНК до мозокот.
2,235,281 views

Како всушност функционира родот? Не се само хромозомите, вели биологот Кариса Санбонматсу. Во својот визионерски говор, таа споделува нови откритија од областа на епигенетиката, научна гранка која го проучува начинот на кој дејството на ДНК може трајно да се измени под влијание на социјални фактори како трауми или начин на исхрана. Дознајте како животните искуства влијаат на гените и што значи тоа за да се разбере концептот на родот.

Мајкл Грин: Глобалните цели со кои постигнавме напредок -- и целите со кои не успеавме

We the Future

Мајкл Грин: Глобалните цели со кои постигнавме напредок -- и целите со кои не успеавме
1,598,306 views

"Живееме во свет кој е извонредно блиску до моментот во кој ќе се осигураме дека нема да има повеќе смрт поради глад, маларија или дијареа," вели економистот Мајкл Грин. Во 2015-та година, Обединетите Нации, со цел да го забрзаат напредокот, изготвија збир од 17 цели за значајни фактори како што се здравје, образование и еднаквост. Во овој говор богат со податоци, Грин ја споделува својата анализа за напредокот кој земјите го имаат (или немаат) направено за да ги остварат Целите за одржлив развој -- и нуди нови идеи во однос на тоа што треба да се промени за да ги достигнеме целите.

Грем Елисон: Дали е неизбежна војната меѓу Кина и Америка?

We the Future

Грем Елисон: Дали е неизбежна војната меѓу Кина и Америка?
3,544,118 views

Подучен од историскиот модел наречен „Замката на Тукидид“, политикологот Грем Елисон ни прикажува на кој начин подемот на Кина и доминантноста на Америка можат да доведат до жесток судир кој никој не го посакува и како да се повикаме на здравиот разум и храброста за да го избегнеме истиот.

Кристин Порат: Зошто е добро за бизнисот ако сте љубезни со своите колеги

TEDxUniversityofNevada

Кристин Порат: Зошто е добро за бизнисот ако сте љубезни со своите колеги
2,637,244 views

Сакате да да напредувате во вашата кариера? Почнете со тоа што ќе сте љубезни со колегите, вели Кристин Порат која истражува во доменот на лидерство. Во нејзиниот научно поткрепен говор, таа споделува интересно видување за цената на нељубезноста и покажува како малите гестови на почит можат да го поттикнат вашиот професионален успех и профитот на вашата компанија.

Ванис Кабај: Мирен соживот за национализмот и глобализмот

TED@UPS

Ванис Кабај: Мирен соживот за национализмот и глобализмот
1,547,024 views

Зошто мораме да бираме помеѓу национализмот и глобализмот, помеѓу љубовта кон сопствената земја и грижата за светот? Ванис Кабај, во својот говор упатен кон определените националисти и глобалисти, објаснува на кој начин можеме да го отфрлиме ова подвоено размислување и притоа да бидеме горди и на својата земја и на светот.

Магатте Вејд: Зошто е тешко да се започне бизнис во Африка - како да ја промениме таа состојба?

TEDGlobal 2017

Магатте Вејд: Зошто е тешко да се започне бизнис во Африка - како да ја промениме таа состојба?
571,196 views

„Повеќето од Африканските земји се сиромашни од една едноставна причина“- вели претприемачката Магатте Вејд. „Владите имаат создадено премногу пречки за отпочнување и водење бизнис. Во нејзиниот страсен говор, Вејд ги поставува предизвиците на деловното работење на континентот и нуди свои решенија - истовремено ги повикува лидерите да го дадат нивниот удел.

Чарлс С. Mан: Како ќе преживееме кога бројот на жители ќе достигне десет милијарди?

TED2018

Чарлс С. Mан: Како ќе преживееме кога бројот на жители ќе достигне десет милијарди?
2,753,413 views

Се проценува дека до 2050-та на земјата ќе има десет милијарди луѓе. Како ќе успееме да ги обезбедиме основните потреби и притоа да ги избегнеме најлошите последици од климатските промени? Во својот умен и мудар говор, Чарлс С. Ман, ги објаснува предложените решенија и ни открива дека одговорите се кај двата табори: волшебници и пророци. Истовремено, тој дава сопствено видување за најдобриот начин за опстанок.

Бурчин Мутлу-Пакдил: Исклучителна галаксија која фрла сомнеж врз нашето поимање на универзумот

TED2018

Бурчин Мутлу-Пакдил: Исклучителна галаксија која фрла сомнеж врз нашето поимање на универзумот
2,459,767 views

Какво е чувството да се открие галаксија - и да се именува по Вас? Астрофизичарот и стипендист на TED Бурчин Мутлу-Пакдил преку краток говор ни го споделува изненадувачкото откритие на нејзиниот тим - нов, мистериозен вид на галаксија.

Вил МакАскил: Како можеме да го направиме најдоброто за светот?

TED2018

Вил МакАскил: Како можеме да го направиме најдоброто за светот?
2,112,093 views

Од сите проблеми со кои се соочува човештвото, на кој би требало најпрво да се фокусираме и да го решиме? Во убедливиот говор за тоа како да го направиме светот подобар, моралниот филозоф Вил МакАскил ни дава рамка за одговор на ова прашање врз основа на филозофијата на ,,ефективен алтруизам,, - и споделува идеи за фокусирање на три најкритични прашања.

Џејмс Бридл: Ужасните детски видеа на Јутјуб - што не е во ред со Интернетот денес

TED2018

Џејмс Бридл: Ужасните детски видеа на Јутјуб - што не е во ред со Интернетот денес
5,404,429 views

Писателот и уметник Џејмс Бридл открива еден мрачен, чуден агол на Интернетот, каде непознати луѓе или групи на Јутјуб ги хакираат мозоците на малите деца, со цел да остварат приходи од реклами. Видеата со „киндер јајца“, песната за "Семејството Прсти" и алгоритмички создадените мешавини на познати ликови од цртаните филмови во насилни ситуации, ги искористуваат и преплашуваат младите умови. Истовремено ни укажуваат каде е тргнато нашето општество предводено од податоци. "Не треба да ја гледаме технологијата како решение на сите наши проблеми, туку како водич при идентификување на тие проблеми, за да можеме да започнеме соодветно да ги разгледуваме и да дејствуваме", вели Бридл.

Лера Бородитски: Како јазикот влијае на нашето размислување

TEDWomen 2017

Лера Бородитски: Како јазикот влијае на нашето размислување
9,816,653 views

Во светот постојат околу 7.000 живи јазици и сите имаат различни гласови, зборови и структури. Но, дали тие влијаат на начинот на кој размислуваме? Лера Бородитски, когнитивен научник, ни дава примери почнувајќи од јазикот на Абориџините во Австарлија во кој се користат страните на светот наместо зборовите „лево“ и „десно“, сè до многубројните зборови за „сино“ во рускиот јазик, што укажува дека одговорот е јасно и гласно „ДА“. „Убавината на јазичната разноврсност е тоа што таа ни ја открива генијалноста и флексибилноста на човечкиот ум,“ -вели Лера Бородитски. „Човечкиот ум има создадено не еден, туку 7000 когнитивни универзуми.“

Рејмонд Танг: Бидете скромни-лекции од филозофијата на водата

TED@Westpac

Рејмонд Танг: Бидете скромни-лекции од филозофијата на водата
3,345,657 views

Како да најдеме исполнетост во светот изложен на постојани промени? Рејмонд Танг се измачувал со ова прашање до мигот кога случајно наидува на старата кинеска филозофија на Тао Те Џин. Во неа, тој го наоѓа патот низ кој ја споредува добрината со водата-идеја која почнува да ја применува во секојдневниот живот. Во неговиот симпатичен говор, Рејмонд споделува три лекции кои ги научил од „филозофијата на водата“. „Што би направила водата? Моќта на ова едноставно прашање направи позитивни промени во мојот живот“-вели тој.

Џон Кери: Како архитектурата  гради достоинство за сите нас

TEDWomen 2017

Џон Кери: Како архитектурата гради достоинство за сите нас
1,072,061 views

Ако се оствари тоа што го вели Џон Кери, архитект и писател, жените нема да чекаат во бесмислено долгите редици пред тоалетите. Овие редици се показатели на многу посериозни состојби. Кери вели:„Недостатокот на разновидност во проектите води кон создавање бесмислен, бесчувствителн простор. Проектот ја има ретката способност да облагородува и да ги прави луѓето да се чувствуваат вредни, почитувани и забележани-но спротивната страна е истотака вистинска. Кери ги повикува архитектите и проектантите да ги прошират своите професионални рамки и да се посветат на давање услуги за јавно добро, не само за привилегираните.

Сузан Дејвид: Дарот и моќта на храброста

TEDWomen 2017

Сузан Дејвид: Дарот и моќта на храброста
6,509,711 views

Психологот Сузан Дејвид го споделува со нас начинот на кој нашите емоции обликуваат сè што има значење за нас : нашите постапки, кариерата, врските, здравјето и среќата. Во нејзиниот моќен, длабоко трогателен и духовит говор таа се повикува на една култура во која се цени позитивноста наместо емоционалната вистина и притоа ги разгледува моќните стратегии на емоционалната агилност. Говор кој треба да се сподели!

Сју Џеј Џонсон: Што не ги подучуваме децата за сексот

TED Residency

Сју Џеј Џонсон: Што не ги подучуваме децата за сексот
3,419,225 views

Како родители имаме обврска да ги подучуваме нашите деца за сексот. Но освен лекциите кои теоретски ја обработуваат биологијата и репродукцијата, би требало и да им покажеме колку е важно да бидеш свесен за своето тело. Претставувајќи го „Говорот 2.0“, Сузан Џеј Џонсон ни покажува како да ги научиме нашите деца да бидат во допир со своите чувства и како да ги научиме на јазик преку кој ќе ги искажуваат своите желби и емоции - без да бегаат од нив и да ги потиснуваат.

Џастин Балдони: Зошто престанав да се трудам да бидам доволно мажествен.

TEDWomen 2017

Џастин Балдони: Зошто престанав да се трудам да бидам доволно мажествен.
5,833,364 views

Џастин Балдони почнува дијалог со мажите за редефинирањето на мажественоста, за да открие како да се биде не само добар маж туку и добар човек. Во своjот топол, личен говор, тој зборува за сопствениот напор да ја усогласи својата вистинска личност на маж со личноста која општеството му ја наметнува. Балдони во своето обраќање ги предизвикува мажите :„ Видете дали можете да ги употребите особините кои сметате дека ве прават мажи за да се нурнете подлабоко во себе“ . Тој вели:„ Вашата сила, храброст и вашата жилавост. Дали сте доволно храбри да бидете ранливи? Дали сте доволно силни да бидете чувствителни? Дали имате довоно доверба да ги слушнете жените во вашиот живот?“