TED Talks with Macedonian transcript

Гречен Карлсон: Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање

TEDWomen 2017

Гречен Карлсон: Како да ставиме крај на сексуалното малтретирање
1,593,788 views

Кога Гречен Карлсон проговори за нејзиното искуство со сексуалното малтретирање на работното место, ги инспирираше жените насекаде да се обидат да си ја вратат моќта и да му кажат на светот што им се случи. Во нејзиниот извонреден и решителен говор, таа ја раскажува сопствената приказна и посочува три посебни нешта кои можеме да ги направиме за да создадеме сигурни и безбедни работни места. „Нема веќе да сме потценети, заплашени и спречени“-вели Карлсон. „Ќе им се спротиставиме и ќе нè чујат сите. Ќе бидеме такви какви што треба да сме.“

Дејвид Титли: Битката на Армијата со климатските промени

TED2017

Дејвид Титли: Битката на Армијата со климатските промени
1,016,753 views

„Војсководците веќе со милениуми знаат дека вистинското време за подготвување за некој предизвик е пред да бидете нападнати“-вели Дејвид Титли, научник и пензиониран офицер на Воената морнарица на САД. На еден несекојдневен, практичен и објективен начин тој нè води преку хуманитарната катастрофа во Сирија до ледените брегови на Свалбард за да ни прикаже како пристапува армијата кон опасностите од климатските промени. „Мразот не прашува кој е во Белата куќа, ниту која партија е на чело на вашиот Парламент“. Титли нагласува:„ Мразот едноставно се топи“.

Џексон Берд: Како да им зборуваме и како и да ги слушаме транс-родовите луѓе

TED Residency

Џексон Берд: Како да им зборуваме и како и да ги слушаме транс-родовите луѓе
1,537,967 views

Родот треба да биде најмлаку впечатливиот дел од нечија личност, но транс-родовите луѓе се` уште не ги разбираме. За да им помогне на оние кои се плашат да поставуваат прашања или им е непријатно да не кажат нешто погрешно, Џексон Берд споделува неколку начини како да се размислува за транс-родовите проблеми. Во овој интересен и искрен говор тој појаснува некои предрасуди околу заменките, трансформациите, тоалетите и многу други.

Амел Карбул: Глобалната криза на учењето и што треба да направиме во врска со тоа

TED@BCG Milan

Амел Карбул: Глобалната криза на учењето и што треба да направиме во врска со тоа
1,645,759 views

Најзначајната инфраструктура што ја имаме е образованиот ум, вели Амел Карбул, поранешна министерка за образование на Тунис. Сепак многу поголеми инвестиции одат за повидливи иницијативи како што се мостови и патишта иако умовите на нашите деца се тие кои ќе создадат една посветла иднина. Во нејзиниот трогателен говор таа споделува реални идеи и потврдува дека во секоја генерација секое дете може да се школува и да учи.

Хелен Пиерсон: Лекција од најдолгата студија за човечкиот развој

TED2017

Хелен Пиерсон: Лекција од најдолгата студија за човечкиот развој
2,357,562 views

Во изминатите 70 години, британските научници имаат проучувано илјадници деца во текот на нивните животи, за да откријат зошто некои завршуваат среќни и здрави додека други имаат потешкотии. Ова е најдолгата студија за човечкиот развој во светот која прикажува некои од најпроучуваните луѓе на планетата и го менува начинот на кој живееме, учиме и се однесуваме како родители. Низ јасниот приказ на Хелен Пеарсон, научник и новинар, дознаваме важни и едноставни вистини за животот и доброто воспитување.

Дуарте Џералдино: Што пропуштаме во дебата за имиграциите?

TED Residency

Дуарте Џералдино: Што пропуштаме во дебата за имиграциите?
1,170,030 views

Во периодот помеѓу 2008 и 2016 год. САД депортира над три милиони луѓе. Што се случува со оние кои овие луѓе ги оставаат зад себе? Новинарот Дуарте Џералдино се осврнува на приказната за депортирање онаму каде државата затајува. Дознајте повеќе за влијанието на присилното отстранување од објаснувањето на Џералдино. Тој зборува за тоа како ненадејното заминување на мајката, сопственикот на локалниот објект или средношколецот ги изместува нештата во животите на луѓето и им нанесува штета на односите кои ги поврзуваат луѓето.

Џими Лин: Едноставната крвна слика која може да открие рак во најрана фаза

TED2017

Џими Лин: Едноставната крвна слика која може да открие рак во најрана фаза
1,471,238 views

Џими Лин усовршува технологии за откривање на рак за месеци или години порано за разлика од денешните методи. Тој споделува револуционерни техники кои бараат знаци за присуство на рак преку обична крвна слика забележувајќи го повторното враќање на некои форми на болеста сто дена порано за разлика од традиционалните методи. Ова може да биде зрак надеж во борбата каде раното откривање ќе направи голема разлика.

Ентони Д. Ромеро: Еве како изгледа демократијата

TED2017

Ентони Д. Ромеро: Еве како изгледа демократијата
1,229,679 views

Во потрага по еден приказ кој ќе ја отслика политичката клима во САД во 2017 година, Ентони Д. Ромеро, адвокат и извршен директор на Американскиот сојуз за заштита на граѓанските права, на изненадувачки начин се осврнува на една фреска од 14-век на италијанскиот сликар Амброџио Лоренцети. Што може едно сликарско дело старо преку 600 години да не` научи за животот денес? Веројатно многу. Ромеро го објаснува тоа во својот говор кој е исто толку впечатлив колку и самата слика.

Пеги Оренстаин: Што мислат девојките за нивното сексуално задоволство

TEDWomen 2016

Пеги Оренстаин: Што мислат девојките за нивното сексуално задоволство
3,668,105 views

Зошто девојките имаат смелост да се впуштат во сексуални активности но, не и да уживаат во нив? Пеги Орентеин, цели три години водеше разговори со девојки на возраст од 15-20 години за нивниот однос и искуствата во сексот. Таа зборува за задоволството кое во голема мера отсуствува во нивните сексуални активности и нè повикува да го премостиме јазот на оргазмот со тоа што ќе зборуваме отворено со нашите девојчиња за сексот, телото, задоволството и интимноста.

Адам Галински: Како да зборувате во свое име

TEDxNewYork

Адам Галински: Како да зборувате во свое име
6,470,165 views

Да се проговори е тешко, дури и кога знаете дека треба. Научете како да се убедите себе си, како да управувате со непријатните состојби во околината и како да ја проширите сопствената моќ со мудрите совети на социјалниот психолог Адам Галински.

Џонатан Хеит: Дали може поделената Америка да заздравее?

TEDNYC

Џонатан Хеит: Дали може поделената Америка да заздравее?
2,005,570 views

Како може САД да закрепне после негативните, претседателски избори во 2016 год.? Социјалниот психолог Џонатан Хеит го проучува моралот кој е во основата на нашите политички избори. Во разговорот со Крис Андерсон, раководителот на ТЕД, Хеит зборува за формите на размислување и историските причини кои доведоа до острата поделеност во Америка при што изнесува визија за можното придвижување на земјата напред.

Сара Парчак: Лов на перуанските изгубени цивилизации -- со сателити

TEDSummit

Сара Парчак: Лов на перуанските изгубени цивилизации -- со сателити
1,173,967 views

Низ светот, стотици илјади изгубени антички локалитети се закопани и скриени. Сателитскиот археолог Сара Парчак е решена да ги најде пред крадците. Со 2016 TED Prize, Парчак гради онлајн алатка за луѓето наречена GlobealXplorer кој ќе ја обучи армијата од волонтери истражувачи да го најдат и заштитат скриеното наследство. Во овој говор таа зборува за првичниот изглед на местото кое ќе го истражуваат: Перу -- домот на Мачу Пикчу, Назка линиите и други археолошки чуда кои чекаат да бидат откриени.

Ентони Голблум: Занимања кои ќе ги изгубиме заради машините и оние кои нема да ги изгубиме.

TED2016

Ентони Голблум: Занимања кои ќе ги изгубиме заради машините и оние кои нема да ги изгубиме.
2,568,213 views

Машинското учење не служи само за едноставни задачи како што е проценка на кредитни ризици и сортирање на мејлови-денес, тоа има многу посложена примена како на пример оценување на есеи или дијагностицирање на болести. Овој напредок го следи едно прашање: дали во иднина вашата работа ќе ја врши робот?

Александер Бетс: Зошто се случи Брегзит? -- и што да правиме понатаму

TEDSummit

Александер Бетс: Зошто се случи Брегзит? -- и што да правиме понатаму
3,574,234 views

„Срамота е колку не сме свесни за поделеноста на нашите општества. Брегзит изникна од длабоката, неиспитана поделеност помеѓу оние кои се плашат од глобализација и тие што ја прифаќаат“-вели социологот Александер Бетс. Како да се справиме сега со тој страв и со разочараноста во политичката поставеност без притоа да се предадеме на ксенофобија и национализам? Слушнете го Бетс кој предлага неколку чекори кои треба да се преземат после Брегзит за да се придвижиме кон еден свет без граници.

Марва Ал-Сабоуни: Како архитектурата во Сирија ги постави темелите на една безмилосна војна.

TEDSummit

Марва Ал-Сабоуни: Како архитектурата во Сирија ги постави темелите на една безмилосна војна.
1,055,569 views

Што ја предизвика војната во Сирија? Угнетувањето, сушата и верските разлики-сето тоа имаше суштинска улога, но Марва Ал-Сабоуни образложува една друга причина: архитектурата. Таа ни се обраќа преку интернет од Хомс, каде што војната, во изминатите шест месеци го распарчува нејзиниот град. Ал-Сабоуни објаснува дека архитектурата на Сирија го разедини некогашното мулти-културно и толерантно општество во енклави со единствен идентитет, врз основа на класи и религии. Иднината на земјата зависи од начинот кој ќе се одбере за нејзино повторно изградување.

Брајан Литл: Кој/а си ти, навистина? Загатката наречена личност

TED2016

Брајан Литл: Кој/а си ти, навистина? Загатката наречена личност
9,968,069 views

Што те прави тебе, она што си? Психолозите сакаат да зборуваат за црти, односно дефинирани особини кои нè прават она што сме. Но, Брајан Литл е повеќе заинтересиран за моментите кога ги пречокоруваме овие црти - понекогаш бидејќи нашата култура го бара тоа од нас, а понекогаш бидејќи ние самите го бараме тоа од себе. Литл ги анализира разликите помеѓу интровертите и екстровертите и објаснува зошто вашата личност е поподложна на промени одошто мислите.

Кеолу Фокс: Зошто генетското истражуавање мора да биде поразновидно

TED2016

Кеолу Фокс: Зошто генетското истражуавање мора да биде поразновидно
939,979 views

96% од истражувањата на геномот се на луѓе со Европско потекло. Остатокот од светот е речиси непретставен -- и ова е опасно, вели генетичарот и партнерот на TED Кеолу Фокс, бидејќи реагираме различно на лековите според нашите гени. Фокс работи на демократизација на генетското секвенцирање, поточно се бори домородни народи да бидат вклучени во истражувањето, со цел да се елиминираат здравствените разлики. "Истражувачкото општество мора да се доведе до домородната култура," вели тој, "или да умре обидувајќи се."

Џамила Ракиб: Тајната на успешен и ненасилен отпор.

TED Talks Live

Џамила Ракиб: Тајната на успешен и ненасилен отпор.
978,122 views

Насилството нема да заврши со тоа што ќе им кажуваме на луѓето дека тоа е морално погрешно, вели Џамила Ракиб, извршен директор на Институтот Алберт Ајнштајн. Наместо тоа, треба да изнајдеме алтернативни начини за справување со конфликти, начини кои се исто толку моќни и ефикасни. Ракиб промовира ненасилен отпор за луѓето кои живеат под тиранија- тоа е многу повеќе од улични протести. Таа споделува охрабрувачки примери за креативни стратегии кои овозможиле промени во светот и порака со надеж за иднина без вооружени конфликти. „Најголемата надеж за човештвото не лежи во осудување на насилството туку негово надминување“-вели Ракиб.

Ендрју Јун: Три причини зошто можеме да победиме во борбата против сиромаштијата

TED2016

Ендрју Јун: Три причини зошто можеме да победиме во борбата против сиромаштијата
1,337,947 views

Половина од бројот на сиромашните во светот имаат нешто заедничко: тие се мали земјоделци. Во овој просветлувачки говор, активистот Ендрју Јун објаснува како неговата групација One Acre Fund, им помага на овие земјоделци да се избават од сиромаштијата со тоа што им доставуваат земјоделски услуги за одржлив живот кои се применуваат ширум светот. Почнуваме со недоверба на почетокот на говорот дека гладта и сиромаштијата можат да се победат за да на крај да ја разбереме тежината на најголемиот проблем во светот.

Шаолан Хсуех: Кинескиот хороскоп, објаснет

TED2016

Шаолан Хсуех: Кинескиот хороскоп, објаснет
2,804,498 views

Една четвртина од светската популација верува во Кинескиот хороскоп. Иако вие не верувате, мудро би било да знаете како функционира, вели технологот и претприемач Шааолан Хсуех. Во овој забавен, информативен говор, Шаолан споделува некои совети за разбирање на старата традиција и објаснува како според верувањата таа влијае на карактерот, кариерата, бракот и на напредокот во дадена година. Што кажува вашиот знак за Вас?

Стивен Вилкс: Одминувањето на времето прикажано преку една фотографија

TED2016

Стивен Вилкс: Одминувањето на времето прикажано преку една фотографија
1,953,319 views

Фотографот Стивен Вилкс создава прекрасни композиции од пејсажи во текот на преминот од ден во ноќ, истражувајќи го просторно-временскиот континиум во дводимензионална, неподвижна слика. Патувајте со него низ култни места како што се: мостот Турнел во Париз, Ел Капитан во Националниот Парк Јосемит и животворниот водопој во срцето на Серенгети, во оваа турнеја која е приказ на неговата уметност и фотографија.

Мариано Сигман: Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје

TED2016

Мариано Сигман: Вашите зборови можат да го предвидат вашето ментално здравје
3,146,887 views

Може ли, начинот на кој зборуваш и пишуваш денес, да го предвиди твоето идно ментално здравје, па дури и настанокот на психоза? Во овој фасцинантен говор, невронаучникот Мариано Сигман се навраќа на древна Грција и потеклото на интроспекцијата за да покаже како зборовите говорат за нашиот внатрешен живот. Воедно, тој зборува за алгоритам кој ги мапира зборовите и кој би можел да ја предвиди појавата на шизофренија. "Во иднина можеби ќе имаме многу поразлична дијагностика на менталното здравје," вели Сигман, "базирана на објективна, квантитативна и автоматизирана анализа на зборовите кои ги пишуваме и на оние кои ги изговараме."

Лаура Индолфи: Добри вести во борбата против ракот на панкреасот

TED2016

Лаура Индолфи: Добри вести во борбата против ракот на панкреасот
1,390,508 views

Сите кои изгубиле некој сакан поради рак на панкреасот ја знаат разорувачката брзина со која може да влијае на здрав човек. Партнерот на TED и медицинскиот претприемач Лаура Индолфи разивава револуционерен начин на решавање на оваа комплексна и смртоносна болест: систем на пренесување на лекови што функционира како кафез на местото на туморот и воедно го спречува истиот да се шири и го пренесува лекот само каде што е потребен. "Се надеваме дека еден ден ќе го направиме ракот на панкреасот излечива болест", вели таа.

Мајкл Бодакер: Оваа виртуелна лабораторија од корен ќе го промени часот по наука

TEDxCERN

Мајкл Бодакер: Оваа виртуелна лабораторија од корен ќе го промени часот по наука
1,363,923 views

Виртуелната реалност повеќе не е дел од некоја далечна иднина, и повеќе не служи само за играње и забава. Мајкл Бодакер, преку неа, сака да го направи подостапно квалитетното образование. Во овој освежувачки говор, тој демонстрира идеја која би можела од корен да го промени начинот на кој предаваме наука во училиштата денес.

Ден Палота: Сонот кој немаме смелост да го сонуваме

TED2016

Ден Палота: Сонот кој немаме смелост да го сонуваме
2,020,983 views

Кои се вашите соништа? Или уште подобро: „Кои се вашите неостварени сни? Ден Палота сонува за време во кое сите ќе бидеме исто толку возбудени, љубопитни и научно ориентирани кон развојот на човештвото колку што сме ориентирани кон технолошкиот развој. „Она од што најмногу се плашиме е дека ќе ни биде одземена можноста да го достигнеме нашиот вистински потенцијал“-вели Палота. „Замислете да живееме во свет каде едноставно го препознаваме тој длабок, егзистенцијален страв во секој од нас - и каде смело се сакаме еден со друг зашто знаеме дека, да се биде човек значи да се живее со тој страв.“

Санфорд Бигерс: Уметник го отвара погледот кон расното насилство

TED2016

Санфорд Бигерс: Уметник го отвара погледот кон расното насилство
1,158,104 views

Концептуалниот уметник и партнер на TED Санфорд Бигерс користи слики, скулптури, видео и изведби за да поттикне предизвикувачки разговори поврзани со историјата и траумата на црната Америка. Придружете му се додека ги претставува детаљите за своите две дела и мотивацијата зад нив."Само преку дијалог за историјата и расата можеме да еволуираме како индивидуи и како општество"

Амера Харуда: Зошто се доведувам во опасност за да раскажувам приказни за Газа

TED2016

Амера Харуда: Зошто се доведувам во опасност за да раскажувам приказни за Газа
1,102,156 views

Кога Амера Харуда ќе го слушне звукот на бомбите или гранатите, таа оди право кон нив. „Сакам да бидам таму прва бидејќи тие приказни треба да бидат кажани“, вели првата жена која е новинарски помагач во Газа, улога која ѝ овозможува да ги води новинарите во хаотични воени сценарија во нејзината родна земја, која таа ја сака и покрај ужасната ситуација во која се наоѓа. Дознајте што ја мотивира Харуда да прозбори за човечките страдања во Газа во овој незборавлив говор.

Роберт Палмер: Панамските документи истакнаа огромен глобален проблем. Што следува?

Global Witness HQ

Роберт Палмер: Панамските документи истакнаа огромен глобален проблем. Што следува?
1,097,225 views

На 3-ти април 2016 год., се случи најголемот истек на податоци во историјата. Панамските Документи ни покажаа дека богати и моќни луѓе, на офшор сметки, кријат огромни суми на пари. Што значи сето тоа? Го поканивме Роберт Палмер од Глобал Витнес да ни открие.

Хју Еванс: Што значи да бидеш граѓанин на светот?

TED2016

Хју Еванс: Што значи да бидеш граѓанин на светот?
1,703,187 views

Хју Еванс отпочна движење кое мобилизира „глобални граѓани“, луѓе кои првенствено се препознаваат себе не како припадници на држави, нации или групи туку како припадници на човечката раса. Од неговиот инспиративен и личен говор дознајте повеќе за тоа како новиот начин на разбирање на нашето место во светот ги поттикнува луѓето да земат учество во борбата против крајната сиромаштија, климатските промени, родовата нееднаквост и многу други предизвици. „Овие се глобални проблеми во крајна линија“ - вели Еванс. „Нив можат да ги решат само глобални граѓани кои бараат глобални решенија од страна на нивните лидери.“

Паула Хамонд: Ново супероружје во борбата против ракот.

TED Talks Live

Паула Хамонд: Ново супероружје во борбата против ракот.
1,601,223 views

Ракот е многу паметна и приспособлива болест. За да ја победиме, вели медицинскиот истражувач и едукатор Паула Хамонд, ни треба нова и силна стратегија за напад. Со нејзинете колеги на МИТ, Хамонд има создадено наночестичка, која е голема колку една стотина од човечко влакно. Таа може да ги лечи најагресивните ракови и оние кои се најотпорни на лекови. Дознајте повеќе за ова молекуларно супероружје и придружете ѝ се на Хамонд во борбата против болеста која нè засега сите нас.