TED Talks with Macedonian transcript

Андре Лозано: Паркинсонова болест, депресија и прекинувачот кој може да ги исклучи

TEDxCaltech

Андре Лозано: Паркинсонова болест, депресија и прекинувачот кој може да ги исклучи
1,477,742 views

Длабоко-мозочната стимулација станува сè попрецизна. Оваа техника им овозможува на хирурзите да постават електроди речиси секаде во мозокот, и да ги појачуваат или намалуваат -- како потенциометар или термостат -- со цел коригирање на дисфункцијата. Ова е драматичен приказ кој говори за овие брзо растечки техники. Прикажана е жена со Паркинсон која моментално престанува да се тресе и воедно прикажано е како оживуваат мозочните области погодени од Алцхајмер. (Снимено на TEDxCaltech.)

Лаура Снајдер: Филозофскиот Клуб за Појадоци

TEDGlobal 2012

Лаура Снајдер: Филозофскиот Клуб за Појадоци
1,290,328 views

Во 1812, во Универзитетот Кембриџ се сретнале четворица мажи за појадок. Она што започнало како страствен оброк набргу прераснало во нова научна револуција, во која овие мажи -- кои себеси се нарекувале "природни филозофи" пред да го сковаат називот "научници" -- вовеле четири принципи во рамки на научното истражување. Историчарот и филозоф Лаура Снајдер ни ја раскажува нивната интригантна приказна.

Фриман Храбовски: 4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките

TED2013

Фриман Храбовски: 4 столба за постигнување на универзитетски успех во науките
1,042,793 views

На 12 годишна возраст, Фриман Храбовски протестирал со Мартин Лутер Кинг. Денес, тој е претседател на Универзитетот во Мериленд, Округ Балтимор (УМБО), каде работи на тоа да создаде услови кои ќе им помогнат на недоволно застапените студенти - особено Афро-американците, Латино и студентите со скромни примања - да се здобијат со дипломи од научните и математичките области. Тука ги споделува четирите столба кои се користат во УМБО.

Ден Ариели: Што придонесува да си ја сакаме работата?

TEDxRiodelaPlata

Ден Ариели: Што придонесува да си ја сакаме работата?
6,508,994 views

Што нè мотивира да работиме? Спротивно на општо прифатеното, не станува збор само за парите. Но не е ни радоста баш. Се чини дека повеќето од нас вирееме тогаш кога постигнуваме постојан напредок и кога чувствуваме дека имаме некаква цел. Бихевиоралниот економист Ден Ариели ни "ги отвара очите" со два експерименти коишто зборуваат за нашите неочекувани и суптилни ставови во однос на смислата на нашиот труд.

Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот

TED2013

Кис Муликер: Како мртвата патка ми го промени животот
1,419,897 views

Едно утро, Кис Муликер добил прилика за истражување која малкумина орнитолози би ја посакале: Летачка патка се забила во стаклото на зградата во која се наоѓала неговата канцеларија, починала, а потоа ... наредното што се случило ќе го промени неговиот живот. [Внимание: Содржи вознемирувачки слики и описи на сексуално однесување кај животните.]

Ричард Турере: Мојот изум кој доведе до примирје со лавовите

TED2013

Ричард Турере: Мојот изум кој доведе до примирје со лавовите
2,467,150 views

Во заедницата Масаи каде што живее 13 годишниот Ричард Турере, најважен е добитокот. Но нападите од лавови станувале сè почести. Во овој краток, инспиративен говор, младиот иноватор ни го претставува соларното решение кое тој го дизајнирал со цел безбедно да ги избрка лавовите.

Елон Маск: Умот кој стои зад Тесла, СпејсХ, Солар Сити...

TED2013

Елон Маск: Умот кој стои зад Тесла, СпејсХ, Солар Сити...
6,155,263 views

Елон Маск е претприемач и човек кои има многу планови. Оснивач на ПејПал, Тесла Мотори и СпејсХ, тој гостува на ТЕД и зборува со Крис Андерсон. Елон Маск споделува детаљи за неговите визионерски проекти како што се: електричниот автомобил наменет за широкиот пазар, компанијата за изнајмување соларна енергија и ракетатата за повеќекратна употреба.

Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја

TED2013

Хјонсео Ли: Моето бегство од Северна Кореја
13,915,716 views

Како дете додека растела во Северна Кореја, Хјонсео Ли мислела дека нејзината земја е "најдобрата на светот." Таа не се сомневала во ваквата претпоставка сè до гладот кој се појавил во 90-тите. На 14 години таа избегала од земјата, и започнала таен живот, како бегалец во Кина. Ова е стравична, лична приказна која говори за преживувањето и надежта -- и воедно претставува еден моќен потсетник за сите оние кои се соочени со постојана опасност, дури и кога границата е многу далеку.

Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)

TED2013

Боно: Добрите вести во врска со сиромаштијата (Да, има добри вести)
1,896,369 views

Луѓето се бореле против општествената нееднаквост и сиромаштија цели 3,000 години. Но, ваквата борба станува сè по жестока. Боно "допира до својата внатрешна бубалица" и ни споделува инспиративни податоци кои покажуваат дека крајот на екстремната сиромаштија е близу... само ако успееме да го одржиме моменталниот интензитет.

 Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени

TED2013

Ален Сејвори: Како да се озеленат светските пустини и да се сопрат климатските промени
6,848,484 views

"Дезертификација е фенси збор кој опишува пасиште кое се претвора во пустина", го започнува Ален Сејвори својот моќен говор. И застрашувачки, ова се случува на две третини од светските пасишта, забрзувајки ја климатската промена и предизвикувајки хаос во традиционалните општества кои зависат од тие пасишта. Сејвори го посветил својот живот на напорот да го сопре овој процес - и неговата работа до сега покажува дека постои еден изненадувачки фактор кој може да ги заштити пасиштата и дури да ги поврати во живот опустошените предели.

Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето

TED2013

Аманда Палмер: Уметноста на прашувањето
11,975,201 views

Не ги терајте луѓето да плаќаат за музика, дозволете им, тоа го вели Аманда Палмер. Во страствен говор кој почнува со нејзините рани почетоци како уличен изведувач (пуштете долар во шеширот за џиновската Невеста!), таа ја образложува врската помеѓу артистот и фановите.

Бруно Мезониè: Танцувајте, мали роботчиња!

TEDxConcorde

Бруно Мезониè: Танцувајте, мали роботчиња!
1,397,385 views

Има едно место во Франција кадешто роботите танцуваат. Тоа место се вика TEDxConcorde, каде Бруно Мезониè од Алдебаран Роботикс ни претставува една сценска кореографија, пришто групата составена од мали хуманоидни Нао роботи, изведува еден изненадувачки емотивен перформанс.

Мајкл Дикинсон: Како лета мувата

TEDxCaltech

Мајкл Дикинсон: Како лета мувата
1,787,704 views

Способноста на инсектите да летаат е можеби едно од најголемите достигнувања на еволуцијата. Мајкл Дикинсон зборува за тоа како една обична мува, со толку нежни крилја, може да лета, пред сè благодарение на интелигентното замавнување и на мускулите за летање кои истовремено се, и моќни и брзи. Но тајната состојка е неверојатниот мозок на мувата. (Снимено во TEDxCaltech.)

Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски

TEDSalon NY2013

Естер Перел: Како да ја одржите еротската желба во долготрајните врски
15,997,886 views

Во долготрајните врски, честопати очекуваме нашите сакани да ни бидат и најдобри пријатели, но и еротски партнери. Но како што Естер Перел тврди, добриот и посветен секс се базира на две конфликтни потреби: нашата потреба за сигурност и нашата потреба за изненадување. Тогаш како да ја одржите еротската желба? Со хумор и елоквенција, Перел ни ја открива мистеријата на еротската интелигенција.

Цезар Куријама: Една секунда секој ден

TED2012

Цезар Куријама: Една секунда секој ден
1,940,520 views

Постојат толку многу малечки, убави, смешни, трагични моменти во вашиот живот - како ќе ги запомните сите нив? Режисерот Цезар Куријама снима една секунда секој ден како дел од неговиот тековен проект каде ги собира особените делови од неговиот живот.

Ли Кронин: Испринтајте си го лекот

TEDGlobal 2012

Ли Кронин: Испринтајте си го лекот
1,045,687 views

Хемичарот Ли Кронин работи на создавањето на 3D принтер кој, наместо предмети, може да принта молекули. Ова е возбудлива и потенцијално долготрајна апликација: принтање на сопствените лекови преку користење на хемиски бои.

Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?

TEDxRainier

Лезли Морган Штајнер: Зошто жртвите на домашно насилство не бегаат од злоставувачот ?
5,800,883 views

Лезли Морган Штајнер доживеала "луда љубов" -- односно, била лудо вљубена во човек кој постојано ја злоставувал и се заканувал дека ќе ја убие. Штајнер зборува за темната страна од нејзината врска, притоа истакнувајќи ги погрешните сфаќања што повеќето луѓе ги имаат во однос на жртвите на домашно насилство, и воедно објаснува како да помогнеме да се стави крај на молкот.

Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!

TEDxSeoul

Јонг - ха Ким: Биди уметник, токму сега!
2,047,545 views

Зошто воопшто престануваме да си играме и да создаваме? Со шарм и хумор, познатиот корејски автор Јонг-ха Ким се повикува на светските уметници со цел да ве охрабри да го ослободите детето во вас -- уметникот кој сака да си игра засекогаш. (Снимено на TEDx Сеул).

Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста

TEDxBeaconStreet

Колин Стоукс: Какви пораки ни праќаат филмовите за машкоста
5,502,304 views

Кога тригодишниот син на Колин Стоукс го здогледал „Војна на ѕвездите,“ тој веднаш станал опседнат од филмот. Но, какви пораки, всушност, добил од научно-фантастичниот класик? Стоукс бара да има повеќе филмови кои праќаат позитивни пораки до момчињата: дека соработката е херојска и дека почитувањето на жените е онолку мажествено колку и поразувањето на негативецот. (Снимено на TEDxBeaconStreet.)

Камерон Расел: Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.

TEDxMidAtlantic

Камерон Расел: Изгледот не е сѐ. Верувајте ми, јас сум модел.
33,012,304 views

Камерон Расел признава дека победила на „генетската лотарија“: таа е висока, убава и модел за долна облека. Но, не судете ја според нејзиниот изглед. Во овој бестрашен говор, таа на ироничен начин ја претставува индустријата која ја направи да изгледа премногу заводливо на одвај 16 годишна возраст. (Снимено на TEDxMidAtlantic)

Џонатан Хајдт: Како заедничките закани може да направат  заедничка (политичка) основа

TEDSalon NY2012

Џонатан Хајдт: Како заедничките закани може да направат заедничка (политичка) основа
662,958 views

Ако астероид од кон Земјата, ќе се здружиме и ќе бараме начин како да го спречиме, како во филмовите нели? А сепак, кога сме соочени со проблеми кои се големи, поддржани со податоци, и кои носат одлика на крај-на-светот во вистинскиот живот, често се повлекуваме во партиско викање и пат. Џонатан Хајдт ни покажува неколку од навистина вистинските астероиди што одат кон нас -- некои од нив се цели миленичиња на левицата, некои на десницата -- и предлага како двете крила може да работат заедно продуктивно во корист на целото човештво.

Паоло Кардини: Заборавете на мултитаскингот, пробајте монотаскинг

TEDGlobal 2012

Паоло Кардини: Заборавете на мултитаскингот, пробајте монотаскинг
2,609,537 views

Луѓето повеќе не се посветени само на готвење - туку истовремено готват, пишуваат пораки, зборуваат на телефон, гледаат YouTube и ставаат слики на интернет од јадењето што го зготвиле. Дизајнерот Паоло Кардини ја доведува во прашање ефикасноста на нашиот мултитаскерски свет и се залага за - вдишете длабоко - „монотаскинг“. Неговите шармантни маски за сматфони испечатени со 3Д принтер би можеле да ни се најдат.

Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците

TED@Nairobi

Мунир Вирани: Зошто ги сакам мршојадците
1,134,254 views

Како хигиеничари на природата, мршојадците се од големо значење за нашиот екосистем -- тогаш зошто имаат толку лош публицитет? Зошто многу од нив се загрозени од истребување? Биологот за птици предатори, Мунир Вирани, вели дека треба да се насочи поголемо внимание кон овие уникатни и погрешно сфатени суштества, да ја смениме нашата перцепција и да ги спасиме мршојадците.

Мет Килингсворт: Сакате да бидете посреќни? Останете во сегашниот момент.

TEDxCambridge

Мет Килингсворт: Сакате да бидете посреќни? Останете во сегашниот момент.
3,206,661 views

Кога се луѓето најсреќни? За да одговори на ова прашање, Мет Килингсворт создаде аликација, Track Your Happiness (Следете ја Вашата Среќа), која ги следи чувствата на луѓето во реално време. Помеѓу изненадувачките резултати: Најсреќни сме тогаш кога сме присутни во сегашниот момент. И обратно: Колку повеќе лутаме со мислите, толку помалку сме среќни. (Снимено на TEDxКембриџ)

Феит Џеџд: Што научив од моите аутистични браќа

TED@London

Феит Џеџд: Што научив од моите аутистични браќа
1,325,374 views

Феит Џеџд ја раскажува трогателната и интересна приказна за тоа како растела со нејзините двајца браќа, и двајцата аутистични -- и двајцата неверојатни. Во овој говор од TED Потрага по Таленти, таа нè поттикнува да трагаме по живот кој е надвор од она што се смета за нормално.

Дејвид Пизаро: Чудниот однос помеѓу одвратноста и политиката

TEDxEast

Дејвид Пизаро: Чудниот однос помеѓу одвратноста и политиката
751,444 views

Каква врска има одвратната слика со начинот на кој гласате? Поткрепен со анкети и експерименти, психологот Дејвид Пизаро ни ја демонстрира поврзаноста помеѓу осетливоста на одвратни работи -- фотографија со измет, непријатен мирис -- и моралниот и политички конзервативизам. (Снимено на TEDxEast.)

Руби Вакс: Што е толку смешно кај менталните болести?

TEDGlobal 2012

Руби Вакс: Што е толку смешно кај менталните болести?
2,813,839 views

Доколку ви е болно телото ќе добиете сочувство, вели комедијантката Руби Вакс -- но не и ако мозокот ви е болен. Зошто е тоа така? Со неверојатна енергија и хумор, Вакс, на која пред една декада ѝ дијагностицирале клиничка депресија, нè повикува да ставиме крај на стигмата за менталните болести.

Ејми Кади: Говорот на вашето тело влијае врз вашата личност

TEDGlobal 2012

Ејми Кади: Говорот на вашето тело влијае врз вашата личност
56,233,256 views

Говорот на телото влијае врз тоа како другите нè доживуваат, но исто така може да го промени начинот на кој ние самите себе се доживуваме. Социјалниот психолог Ејми Кади покажува како "моќното позирање" -- завземање на став кој зрачи со самодоверба, дури и кога не се чувствуваме самоуверени -- може да влијае врз нивоата на тестостерон и кортизол во самиот мозок, и дури може да има влијание врз нашите шанси за успех.

Џулиан Трежр: Зошто архитектите треба да ги користат своите уши

TEDGlobal 2012

Џулиан Трежр: Зошто архитектите треба да ги користат своите уши
1,321,777 views

Поради лошата акустика, учениците во училниците пропуштаат 50% од она што им го предаваат наставниците, а пациентите во болниците имаат проблеми со спиењето бидејки постојано се под стрес. Џулијан Трежр ги повикува дизајнерите да обрнат внимание на "невидливата архитектура" на звукот.

Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки

TEDxUSC

Скот Фрeјзер: Зошто сведоците прават грешки
1,283,289 views

Скот Фрејзер го проучува начинот на кој луѓето се присеќаваат на злосторствата -- и како истите тие сеќавања ги користат како сведоштва. Во овој моќен говор, кој се фокусира на едно убиство кое се случило за време на зајдисонце, тој вели дека дури и сведоците кои се наоѓаат во непосредна близина на злосторството, можат да создадат "сеќавања" кои не е можно да ги виделе. Зошто? Бидејќи на мозокот му се гади кога ќе слушне за празнина.