TED Talks with Macedonian transcript

Адора Свитак: Што можат возрасните да научат од децата

TED2010

Адора Свитак: Што можат возрасните да научат од децата
6,022,458 views

Вундеркиндот Адора Свитак тврди дека на светот му е потребно "детинесто" размислување: смели ставови, бујна креативност и особено оптимизам. Големите соништа на децата заслужуваат високи очекувања, вели таа, почнувајќи од волјата на возрасните да учат од децата онолку колку што тие нив ги учат.

Ерик Мид: Магијата на плацебото

TEDMED 2009

Ерик Мид: Магијата на плацебото
1,211,114 views

Шеќерни таблети, инјекции на ништо -- истражувањата покажуваат дека, почесто отколку што би очекувале, плацебото навистина работи. На TEDMED, магионичарот Ерик Мид покажув трик, кој дури и кога знаете дека нешто не е вистина, може да реагирате исто толку силно како и да е. (Предупредување: Овој говор не е пригоден за гледачи кои се вознемируваат од игли или крв.)

Ден Барбер: Како се вљубив во риба

TED2010

Ден Барбер: Како се вљубив во риба
2,315,470 views

Готвачот Ден Барбер ја разглобува дилемата која ги соочува многу готвачи денес: Како да ја задржат рибата на нивните менија. Со беспрекорно истражување и објективен хумор, тој хронолошки ја преставува неговата потрага по одржлива риба која ќе ја сака, и гурманскиот меден месец во кој ужива откога ја открил безобразно вкусната риба израсната со револуцинерен метод за одгледување во Шпанија.

Гери Флејк (Gary Flake): дали Пивот е пресвртница во истражувањето на Интернет?

TED2010

Гери Флејк (Gary Flake): дали Пивот е пресвртница во истражувањето на Интернет?
751,479 views

Гери Флејк го презентира Пивот - нов начин на прелистување и подредување огромни количини слики и податоци на Интернет. Изграден е врз основа на напредната технологија Сидрагон (Seadragon = морски змеј), и овозможува спектакуларно зумирање и одзумирање на бази на податоци и откривање шеми и врски кои се невидливи за стандардното прелистување веб страни.

Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови

TED2010

Темпл Грандин (Temple Grandin): На светот му требаат различни видови на умови
5,588,848 views

Темпл Грандин, дијагностицирана со аутизам како дете, говори за тоа како работи нејзиниот ум -- споделувајќи ја нејзината способност да „размислува во слики“, што и помага да решава проблеми кои оние со типични мозоци може да ги испуштат. Таа поентира дека на светот му требаат луѓе од аутстичкиот спектар: визуелни мислители, мислители во шаблони, вербални мислители и секакви типови на паметни *гиковски* деца.

Еими Малинс: Недостатокот како прилика

TEDMED 2009

Еими Малинс: Недостатокот како прилика
2,460,224 views

Речникот на синоними може да го истовети „онеспособен“ со синоними како „бескорисен“ и „сакат“, но иновативната атлетичарка Aimee Mullins има намера да го редефинира тој збор. Пркосејќи му на ваквиот пристап, таа покажува како недостатокот - во нејзиниот случај, раѓајќи се без потколеница - всушност ја отвара вратата на човечкиот потенцијал.

"TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната

TED2010

"TED Prize" желбата на Џејми Оливер (Jamie Oliver): да го научи секое дете за храната
9,428,806 views

Делејќи ги своите силни приказни од проекти против дебелината од Хантингтон, Западна Вирџинија, добитник на TED Prize (награда ТЕД) Џејми Оливер ги објаснува причините за потполн напад врз нашето незнаење за храната

Џејн Чен: Топла прегратка што спасува животи

TEDIndia 2009

Џејн Чен: Топла прегратка што спасува животи
874,886 views

Во земјите во развој пристапот до инкубатори е ограничен од цена и далечина и милиони недоносени бебиња умираат секоја година. Џејн Чен ни покажува пронајдок кој може да згрее милиони од овие бебиња - дизајн кој е сигурен, пренослив ефтин и спасува животи.

Ева Енслер: Гушнете го девојчето во вас

TEDIndia 2009

Ева Енслер: Гушнете го девојчето во вас
1,469,537 views

Во овој страстен говор, Ева Енслер тврди дека во сите нас постои клетка на девојка -- клетка која сите ние сме учени како да ја поттиснеме. Таа раскажува искрени приказни за девојките во светот кои успеале да ги надминат неволјите и насилството и да ја откријат неверојатната сила да се биде девојка.

Бил Давенхол: Вашето здравје зависи од местото на живеење

TEDMED 2009

Бил Давенхол: Вашето здравје зависи од местото на живеење
940,322 views

Каде живеете - тоа влијае на вашето здравје исто колку и исхраната и гените, но не е дел од вашиот здравствен картон. На TEDMED, Бил Давенхол покажува како занемарените гео-локациски податоци (од бројноста на срцевите удари до информации за токсични депонии) може да се искористат од мобилните GPS апликации и да им помогнат на лекарите. Наречете го тоа „гео-медицина“.

Ентони Атала за растење на нови органи

TEDMED 2009

Ентони Атала за растење на нови органи
1,913,459 views

Врвната лабораторија на Ентони Антала одгледува човечки органи - мускули, крвни садови, мочни меури и многу повеќе. На TEDMED, тој прикажува снимка од неговите биоинженери кои работат со направи блиски до научна фантастика, како на пример биореактор сличен на рерна (загревање на 98.6 C) и машина која може да "печати" човечко ткиво.

Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути

TEDMED 2009

Дејвид Блеин: Како успеав да го задржам здивот 17 минути
24,590,367 views

Во овој личен говор, магионичарот и каскадерот Дејвид Блеин опишува што сè му било потребно за да успее да не дише под вода цели 17 минути - светски рекорд (само една минута помалку од неговиот говор!) - и колку му значи неговата работа честопати опасна по неговиот живот. Предупредување: НЕ го пробувајте ова дома.

Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија

TEDIndia 2009

Лалитеш Катрагада: Изработка на мапи за борба против катастрофи и градење економија
405,132 views

На почетокот на 2005 година, само 15 % од светот имаше мапи. Ова го отежнува доставувањето на помош после природни катастрофи - и го прикрива економскиот потенцијал на неискористена земја и непознати патишта. Во овој краток говор, Лалитеш Катрагада од Гугл, го прикажува Map Maker, групна алатка за изработка на мапи која луѓето од целата земјина топка ја користат за изработка на мапи на светот.

Киран Бир Сети ги учи децата да преземат одговорност

TEDIndia 2009

Киран Бир Сети ги учи децата да преземат одговорност
1,641,273 views

Киран Бир Сети покажува како нејзиното револуционерно училиште Риверсајд во Индија ги учи децата на најважната животна лекција: Јас можам. Погледнете како нејзините ученици ги земаат локалните проблеми во свои раце, ги водат другите млади луѓе, па дури ги едуцираат и нивните родители.

Ден Бутнер: Како да живеете повеќе од 100 години

TEDxTC

Ден Бутнер: Како да живеете повеќе од 100 години
4,070,934 views

За да го пронајде патот до долг живот и здравје, Ден Бутнер и неговиот тим ги истражуваат "Сините зони" во светот, заедници чии старци со енергичност доживуваат рекордна возраст. На TEDxTC, тој ги споделува деветте заеднички животни навики со кои пргаво ја поминуваат стоттата година.

ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата

TEDIndia 2009

ВС Рамахандран: Невроните што ја обликуваа цивилизацијата
2,250,451 views

Неврологот Вилајнар Рамахандран ги објаснува фасцинантните функции на огледалните неврони. Откриени неодамна, овие неврони ни овозможуваат да учиме комплексни социјални односи, а некои од нив ги формираа основите на човечката цивилизација како што ја знаеме денес.

Алексис Оханинан: Како да се биде ѕвезда на социјалните медиуми

TEDIndia 2009

Алексис Оханинан: Како да се биде ѕвезда на социјалните медиуми
2,305,112 views

Во смешни, кратки и експлозивни 4 минути, Алексис Оханиан од Reddit ја раскажува вистинската приказна за тоа како еден кит станал славен на интернет. Лекцијата за госпoдинот Сплеши Пентс (Mister Splashy Pants) е класика за правeњето мемеа и за маркетингот во ерата на Фејсбук.

Стефана Бродбент: Како Интернетот овозможува интимност

TEDGlobal 2009

Стефана Бродбент: Како Интернетот овозможува интимност
1,394,067 views

Ние се грижиме дека чет програмите, смс-ите и Фејсбук ја расипуваат човечката интимност, но истражувањето на Стефана Бродбент покажува колку технологиите за комуникација помагаат за пренесување на љубовта преку бариери како големо растојание и строги правила на работните места.

Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството

TEDSalon 2009 Compassion

Имам Фаисал Абдул Рауф: Изгуби го егото, пронајди го сочувството
549,886 views

Имам Фаисал Абдул Рауф ги комбинира предавањата од Куранот, приказните на Руми и примерите од Мухамед и Исус, за да докаже дека постои само една пречка помеѓу секој од нас и апсолутното сочувство - самите ние.

Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна

TEDGlobal 2009

Чимаманда Адичи: опасноста од еднострана приказна
21,248,547 views

Животите и културите ни се создадени од повеќе испреплетени приказни. Писателката Чимаманда Адичи ни ја раскажува приказната како си го пронашла автентичниот културолошки глас -- и предупредува дека ако чуеме само една страна од приказната за еден човек или земја, ризикуваме да настане големо недоразбирање. Текстот го преведоа студентите од четврта година од Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во декември 2010 г.

Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови

TEDGlobal 2009

Керолин Стил: Како храната ги обликува нашите градови
1,235,739 views

Во град со големина на Лондон, секојдневно се сервираат 30 милиони оброци. Но, од каде доаѓа сета таа храна? Архитектот Керолин Стил зборува за магијата потребна за секојдневното снабдување со храна на еден град и ни покажува како древните патишта на храната го обликувале модерниот свет.

Стефан Сагмајстер: Моќта на одморот

TEDGlobal 2009

Стефан Сагмајстер: Моќта на одморот
3,447,979 views

Секои седум години, дизајнерот Стефан Сагмајстер го затвора своето студио во Њу Јорк за да направи пауза од една година (сабатикал) за да ја подмлади и освежи креативноста. Тој ги објаснува подзаборавените вредности на одморот и ги прикажува иновативните проекти инспирирани од неговиот престој во Бали.

Евгениј Морозов: Дали интернетот е она од што Орвел се плашеше?

TEDGlobal 2009

Евгениј Морозов: Дали интернетот е она од што Орвел се плашеше?
507,428 views

Членот на TED и новинар Евгениј Морозов го разоткрива она што тој го нарекува „Ајпод либерализам“ - претпоставката дека технолошките иновации секогаш промовираат слобода и демократија - со отрезнувачки примери за тоа како интернетот им помага на опресивните режими да го потиснат бунтот.

Џонатан Зитрен: Интернетот како случајни чинови на љубезност

TEDGlobal 2009

Џонатан Зитрен: Интернетот како случајни чинови на љубезност
934,500 views

Мислите дека светот е сè помалку и помалку пријателски настроен? Социјалниот теоретичар Џонатан Зитрен не се согласува со тоа. Тој вели дека интернетот е изграден од милиони чинови на љубезност, љубопитност и доверба.

Бјарке Ингелс: 3 со брзина на светлината раскажани архитектонски приказни

TEDGlobal 2009

Бјарке Ингелс: 3 со брзина на светлината раскажани архитектонски приказни
2,575,938 views

Данскиот архитект Бјарке Ингелс прелетува преку фото/видео искомбинираните прикажни од неговите еко-блескави дизајни. Неговите градби не само што личат на природата -- тие ѝ се однесуваат како природата: го блокираат ветерот, собираат соларна енергија и креираат вџашувачки погледи.

Миша Глени ги истражува глобалните криминални мрежи

TEDGlobal 2009

Миша Глени ги истражува глобалните криминални мрежи
1,063,383 views

Новинарот Миша Глени повеќе години храбро ги истражува мрежите на организираниот криминал по целиот свет, кој нараснал на проценети 15 % од светската економија. Од руската мафија, до големите картели на дрога, негови извори не се само службеници на известувачките и законодавните служби туку и членови на криминалното милје.

Ерик Гилер демонстрира безжично електрично напојување

TEDGlobal 2009

Ерик Гилер демонстрира безжично електрично напојување
2,250,411 views

Ерик Гилер сака да ги расплетка нашите исплеткани животи со електрична енергија без кабли. Тука, тој зборува што оваа научно-фантастична технологија нуди, и демонстрира најнови откритија од МИТ, ВиТрисити - иновација спремнна за продажба која може наскоро да ги полни вашиот телефон, автомобил, пејсмејкер.