TED Talks with Macedonian transcript

Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите

TEDGlobal 2012

Викрам Пател: Ментално здравје за сите преку вклучување на сите
1,103,181 views

Близу 450 милиони луѓе се засегнати од ментални болести на светско ниво. Во богатите земји, само половина од нив ја добиваат соодветната нега, но кај земјите во развој, речиси 90 проценти поминуваат без третман поради големиот недостаток на психијатри. Викрам Пател изложува еден многу ветувачки пристап -- обучување на самите членови на заедниците, обуки кои ќе им овозможат да применуваат интервенции за ментално здравје, на тој начин давајќи им моќ на обичните луѓе да се грижат за нивните блиски.

Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати

TED2012

Џон Ронсон: Чудни одговори на тестот за психопати
23,550,108 views

Има ли апсолутна линија која што ги дели лудите од нормалните? Раскажувајќи на начин од кој ќе се наежите, Џон Ронсон, автор на Тестот за Психопати, ни ги осветлува сивите области помеѓу овие две состојби. (Со звук миксан во живо од страна на Џулиан Трежр и анимација од Еван Грант.)

Силија Елворти: Борба со помош на ненасилство

TEDxExeter

Силија Елворти: Борба со помош на ненасилство
1,241,517 views

Како да се справите со силеџија, без притоа да се претворите во насилник? Во овој мудар и длабоко емотивен говор, мировниот активист, Силија Елворти, ги наведува вештините кои ни се потребни -- како нации и поединци -- за да се бориме против екстремното насилство без да возвратиме со сила. За да одговори на прашањето зошто и како функционира ненасилството, таа се навраќа на историски херои -- Аун Сан Су Чи, Махатма Ганди, Нелсон Мендела -- и личните филозофии кои им дале моќ на нивните мирни протести. (Снимано во TEDxExeter.)

Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство

TEDxMaui

Лиза Кристин: Фотографии кои сведочат за современото ропство
2,875,833 views

Во текот на изминативе две години, фотографот Лиза Кристин патуваше низ светот, истовремено документирајќи ја неподносливата и тешка реалност наречена современо ропство. Таа со нас споделува вознемирувачки, но сепак прекрасни фотографии - рудари во Конго, редачи на тули во Непал - расветлувајќи ја судбината на 27 милиони души, коишто се поробени насекаде низ светот. (Снимено на TEDx Maui)

Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието

TEDGlobal 2012

Дафни Колер: Што можеме да научиме од онлајн образованието
2,603,043 views

Дафни Колер работи во насока да ги убеди врвните универзитети како тие би ги објавиле нивните најинтересни наставни предмети онлајн бесплатно - не само како услуга, туку како начин на истражување за тоа како луѓето ги усвојуваат знаењата и вештините. Секое чукање на копче, квиз за разбирање, врснички форум за дискусии и само-оценување на задачите, сите тие градат невидена база на податоци во однос на тоа како знаењето се обработува во умот и што е најважно, како се апсорбира.

Алана Шаик (Alanna Shaikh): Како се подготвувам да добијам Алцхајмерова болест

TEDGlobal 2012

Алана Шаик (Alanna Shaikh): Како се подготвувам да добијам Алцхајмерова болест
1,629,194 views

Кога сме соочени со родител кој има Алцхајмерова болест, повеќето од нас реагираат со негирање ("нема мене да ми се случи") или со екстремни напори за превенција. Но, експертот за глобално здравство и TED-ов соработник Алана Шаик, го гледа тоа поинаку. Таа превзема три конкретни чекори за да се подготви за тој момент -- доколку дојде до тоа-- кога таа ќе добие Алцхајмерова болест.

Елин Сакс: Приказна за ментална болест --  гледано одвнатре

TEDGlobal 2012

Елин Сакс: Приказна за ментална болест -- гледано одвнатре
4,034,245 views

„Ќе биде ли во ред ако ви ја направам лом канцеларијата?“ Ова е прашањето кое Елин Сакс еднаш му го поставила на својот доктор, а тоа не било шега. Правник, во 2007 Сакс излезе со нејзината приказна за шизофренија, болест контролирана со лекови и терапија, но сепак постојано присутна. Во овој моќен говор, таа од нас бара кон луѓето со ментална болест да гледаме јасно, чесно и сочувствително.

Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра

TEDxSummit

Ривс: Одново осмислување на енциклопедиската игра
770,668 views

Поттикнат од фактот што енциклопедијата Британика стави крај на своите печатени изданија, поетот Ривс ја оживува играта од своето детство. Говорејќи на TEDxSummit средбата во Доха, Ривс не води на една шармантна турнеја низ случајни (и помалку случајни) делови од човечкото знаење: од Чимборазо, најоддалечената точка од центарот на Земјата, до Хем астро-шимпанзото, првото шимпанзо во вселената.

Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот

TEDxPeachtree

Ами Клин: Нов начин за дијагностицирање на аутизмот
674,356 views

Раната дијагноза на растројствата од аутистичкиот спектар може да го подобри животот на сите кои се засегнати, меѓутоа сложената мрежа на причинители во голема мера го отежнуваат предвидувањето на овие растројства. На TEDxPeachtree, Ами Клин опишува една нова метода за рано детектирање. Оваа метода користи софистицирана технологија која го следи движењето на очите, и на тој начин го мери нивото на друштвена вклученост и воедно нивото на друштвени вештини. На овој начин се овозможува релијабилно мерење на ризикот од аутизам. (Снимeно на TEDxPeachTree.)

Џон Хоџман: Дизајнот, објаснет.

TED2012

Џон Хоџман: Дизајнот, објаснет.
1,200,050 views

Џон Хоџман, комичар и локален експерт, го „објаснува“ дизајнот на три иконски модерни предмети. (Од сесијата Студио за Дизајн на TED2012 поддржана од Чи Перлман и Дејвид Роквел.)

Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс

TEDxSummit

Вилијам Ноел: Откривање на Архимедовиот изгубен кодекс
1,033,767 views

Како ќе прочитате 2000 години стар ракопис кој бил избришан, исечен, над кој одново и одново било пишувано и сликано? Со помош на моќниот забрзувач (акцелератор) на честички, се разбира! Кураторот на антички книги, Вилијам Ноел, ја раскажува фасцинантната приказна која стои позади Архимедовиот палимпест, византиски молитвеник кој содржи претходно непознати оригинални ракописи од античкиoт грчки математичар Архимед и од други.

Реџи Ватс ќе ве збуни на најзабавниот начин

TED2012

Реџи Ватс ќе ве збуни на најзабавниот начин
11,645,159 views

Реџи Ватсoвите битови им пркосат на боксовите. Исклучете ја логичката плоча и набљудувајте како тој ја соединува поезијата и ги пречокорува музичките жанрови во оваа поголема од животот изведба.

Жан-Батист Мишел: Математиката на историјата

TED2012

Жан-Батист Мишел: Математиката на историјата
1,279,350 views

Што може математиката да каже за историјата? Според соработникот на TED Жан-Батист Мишел, доста многу. Од промените во јазикот, се до смртоносноста на војните, тој покажува како дигитализираната историјата почнува да ги открива длабоку вкоренетите обрасци.

Мајкл Нортон: Како да купите среќа

TEDxCambridge

Мајкл Нортон: Како да купите среќа
4,136,439 views

На TEDxCambridge, Мајкл Нортон споделува едно неверојатно истражување за тоа како парите навистина купуваат среќа - кога не ги трошите на себе. Слушнете ги изненадувачките податоци на многуте про-друштвени трошоци од кои можете да придобиете Вие, Вашата работа, и (секако) другите луѓе.

Брајан Грин: Дали нашиот е единствениот универзум?

TED2012

Брајан Грин: Дали нашиот е единствениот универзум?
6,486,379 views

Во срцето на модерната космологија има мистеријата: Зошто нашиот универзум е толку деликатно наштиман за да создаде услови насушни за живот? Низ ова брилијантно патување кое се однесува на најголемите нови откритија во науката, Брајан Грин покажува како запрепастувачката идеја за мултиверзумот можеби го содржи одговорот на оваа загатка.

Франс де Вал: Морално однесување кај животните

TEDxPeachtree

Франс де Вал: Морално однесување кај животните
4,770,589 views

Емпатија, соработка, правда и реципроцитет -- грижата за добро-состојбата на другите се чини како многу карактеристична особина за луѓето. Меѓутоа Франс де Вал споделува неколку изненадувачки видеа на кои се прикажани бихевиорални тестови спроведени врз примати и разни други цицачи, видеа кои покажуваат колку од овие морални особини секој од нас ги поседува.

Луси МекРеј: Како технологијата може да го трансформира човековото тело?

TED2012

Луси МекРеј: Како технологијата може да го трансформира човековото тело?
1,650,288 views

Соработничката на TED, Луси МекРеј е телесен архитект - таа смислува начини како да се спојат биологијата и технологијата во нашето тело. Во овој визуелно запрепастувачки говор, таа ни ја претставува нејзината работа, облека која ја трансформира внатрешноста на телото за целите на видео спотот на поп ѕвездата Robyn, па се до пилула која кога е проголтана, преку потта испушта убав парфем.

Ноел Бери Мерз: Единствената најголема закана по здравјето со којашто жените се соочуваат

TEDxWomen 2011

Ноел Бери Мерз: Единствената најголема закана по здравјето со којашто жените се соочуваат
885,531 views

Чудно, но вистинито: Сега, од срцеви болести повеќе умираат жени отколку мажи, иако кардиоваскуларните истражувања долго време беа фокусирани на мажите. Доктор К. Ноел Бери Мерз, предводник во оваа област, споделува што знаеме и не знаеме за здравјето на срцето кај жените -- заедно со неверојатно различните симптоми што жените ги покажуваат при срцев удар (и зошто честопати не можат да се предвидат).

Џонатан Хајт: Религија, еволуција, и возбудата што доаѓа од себе-трансценденцијата

TED2012

Џонатан Хајт: Религија, еволуција, и возбудата што доаѓа од себе-трансценденцијата
1,335,755 views

Психологот Џонатан Хајт поставува едноставно, но сепак тешко прашање: зошто бараме себе-трансенденција? Зошто се обидуваме да се изгубиме самите себе? Водејќи нè низ науката за еволуцијата преку групна селекција, тој предлага еден провокативен одговор.

Шломо Бенарци: Штедењето за утре, започнува утре

TEDSalon NY2011

Шломо Бенарци: Штедењето за утре, започнува утре
1,754,678 views

Лесно е да си ветите дека ќе започнете да штедите од идната седмица, но што доколку треба да започнете денес? Вообичаено, сакаме веднаш да трошиме.Економистот Шломо Бенарци вели дека ова е една од најголемите пречки за да заштедите доволно за пензија. Тој прашува: Како овие предизвици во однесувањето да ги претвориме во решенија?

Џена МекКарти: Што не знаете за бракот

TEDxAmericanRiviera

Џена МекКарти: Што не знаете за бракот
6,109,514 views

Во овој забавен, неформален говор од TEDx, писателката Џена МекКарти споделува едно изненадувачко истражување за тоа како браковите (особено оние среќните бракови) навистина функционираат. Една забелешка: Немојте да се обидувате да го освоите Оскарот за најдобра актерка.

Дру Дадли: Секојдневно лидерство

TEDxToronto 2010

Дру Дадли: Секојдневно лидерство
4,575,243 views

Сите ние имаме променето нечиј живот -- вообичаено без и да сме свесни за тоа. Во ова смешно излагање, Дру Дадли нè повикува сите нас да го славиме лидерството како секојдневен чин за подобрување на нашите животи. (Снимено на TEDxToronto.)

Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење

TEDxBloomington

Шон Акор: Среќната тајна за подобро работење
21,573,773 views

Веруваме дека треба да работиме за да бидеме среќни, но можно ли е обратното да е поточно? Во овој брз и забавен говор од ТЕДхБлумингтон, психологот Шон Акор дискутира за тоа како среќата инспирира продуктивност.

Брајан Голдман: Лекарите прават грешки. Можеме ли да прозбориме за тоа?

TEDxToronto 2010

Брајан Голдман: Лекарите прават грешки. Можеме ли да прозбориме за тоа?
1,589,793 views

Секој лекар прави грешки. Но, Брајан Голдман вели дека медицинската култура на порекнување (и срам) ги спречува лекарите да зборуваат за тие грешки или да ги применат за учење и за подобрување. Кажувајќи случки од неговата долга практика, тој ги повикува лекарите да започнат да зборуваат за своите грешки.

Алан де Ботон: Атеизам 2.0

TEDGlobal 2011

Алан де Ботон: Атеизам 2.0
2,872,847 views

Кои аспекти од религијата атеистите треба (со почит) да ги усвојат? Алан де Ботон предлага „религија за атеисти“ - наречете ја „Атеизам 2.0“, која вклучува религиозни облици и традиции со цел задоволување на човековата потреба за поврзување, обреди и трансценденција.

Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта

TEDxBrussels

Педи Ешдаун: Глобално поместување на моќта
1,134,248 views

Педи Ешдаун тврди дека живееме во момент од историјата во кој што моќта се менува на начин како никогаш порано. Во фасцинантниот говор на TEDxBrussels тој ги изложува трите најголеми глобални поместувања кои според него ни претстојат во иднина.

Антонио Дамасио: Стремеж кон разбирање на свесноста

TED2011

Антонио Дамасио: Стремеж кон разбирање на свесноста
2,124,061 views

Секое утро се будиме и повторно си ја враќаме свесноста -- тоа е неверојатен факт -- но што всушност ни се враќа? Неврологот Антонио Дамасио го користи ова едноставно прашање за да ни покаже како нашите мозоци го создаваат нашето себе-доживување.

Хомаро Канту + Бен Роше: Готвењето како алхемија

TED2011

Хомаро Канту + Бен Роше: Готвењето како алхемија
956,756 views

Хомаро Канту и Бен Роше доаѓаат од Мото, ресторан во Чикаго кој применува нови начини на готвење и јадење на храната. Но, покрај забавата и играњето со вкусовите, постои и сериозна намера: Дали можеме да ја користиме новата технологија за храна засекогаш?