TED Talks with Macedonian transcript

Адам Гросер и неговиот одржлив фрижидер

TED2007

Адам Гросер и неговиот одржлив фрижидер
973,042 views

Адам Гросер зборува за проект за изградба на ладилник кој работи без напојување, и испорака на оваа важна алатка до селата и клиниките низ целиот свет. Со преработување на стара технологија, тој успеал да измисли систем кој функционира.

Мури Гел-Ман за предокот на јазикот.

TED2007

Мури Гел-Ман за предокот на јазикот.
944,446 views

По говорот на TED2007 за елеганцијата во физиката, воодушевувачкиот Мури Гел-Манн, ни дава краток преглед на уште еден негов страствен интерес: наоѓањето на заеднички предци кај нашите модерни јазици.

Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина

TED2008

Дин Орниш вели дека вашите гени не се и ваша судбина
1,725,634 views

Дин Орниш ги споделува новите истражувања кои покажуваат како присвојувањето на нов животен стил може да влијае врз една личност на генетско ниво. На пример, тој вели дека кога живеете здрав живот, јадете подобро, вежбате и сакате повеќе, вашите мочочни клетки се зголемуваат.

Џони Ли прикажува хакови со далечинскиот управувач Wii

TED2008

Џони Ли прикажува хакови со далечинскиот управувач Wii
6,914,172 views

Градејќи софистицирани едукативни алатки од евтини делови, Џони Ли ги прикажува своите кул хакови со далечинскиот управувач Wii, со што контролерот за играње од 40 долари се претвора во дигитална табла, екран на допир и три-де прикажувач кој може да се постави на глава.

Моќниот удар на увид на Џил Болти

TED2008

Моќниот удар на увид на Џил Болти
26,359,883 views

Џил Болти се здоби со можност за научно истражување од прва рака: таа доживеала мозочен удар и гледала како нејзините мозочни функции - движење, говор, свесност - се гасат една по една. Неверојатна приказна.

Мистериозната кутија на Џеј Џеј Абрамс

TED2007

Мистериозната кутија на Џеј Џеј Абрамс
4,120,960 views

Џеј Џеј Абрамс ни ја раскажува неговата љубов кон неоткриените мистерии - пасија која е очигледна во неговите филмови и ТВ серии, вклучувајќи ги Cloverfield, Lost и Alias -- уште од неговите магични почетоци.

Лакшми Пратури: Изгубената уметност на пишувањето писма

TED2007

Лакшми Пратури: Изгубената уметност на пишувањето писма
715,735 views

Лакшми Пратури се сеќава на изгубената уметност на пишувањето писма и споделува неколку забелешки кои ги има напишано нејзиниот татко пред да почине. Нејзиниот краток, но топол говор може и Вас, исто така, да Ве инспирира повторно да почнете да пишувате со пенкало на хартија.

Артур Бенџамин прави „Матемагија“

TED2005

Артур Бенџамин прави „Матемагија“
9,599,588 views

Во овој енергичен настап, Артур Бенџамин се обидува да биде побрз од дигитронот при пресметувањето на квадрат од трицифрени броеви, да реши исклучително тешки равенки во глава и да погоди неколку родендени. Како го прави тоа? Тој ќе ви каже.

Хуан Енрике сака да расте енергија

TEDSalon 2007 Hot Science

Хуан Енрике сака да расте енергија
1,363,907 views

Хуан Енрике ги предизвикува нашата дефиниција за биоенергија. Нафта, јаглен, природен гас и други јаглеводороди не се хемиски туку биолошки производи, базирани на растителна материја -- што значи дека можеме и да ги засадиме и одгледуваме. Нашиот комплетен пристап кон горивата, тој вели, треба да се смени.

 Матијè Рикард за навиките кои носат среќа

TED2004

Матијè Рикард за навиките кои носат среќа
9,314,836 views

Што е среќата, и како сите ние да дојдеме барем малку до нејзе? Биохемичарот кој се преобрати во Будистички свештеник Matthieu Ricard (Матијè Рикард) вели дека можеме да го вежбаме нашиот ум на навиките за добросостојба, и да создадеме вистинско чувство на смиреност и исполнетост.

Елени Габре - Мадин за Етиопијската економија

TEDGlobal 2007

Елени Габре - Мадин за Етиопијската економија
771,787 views

Економистката Елени Габре-Мадин ја опишува својата амбициозна визија за формирање на првата берза на стоки во Етиопија. Нејзиниот план би креирал богатство за Етиопија, би го минимизирал ризикот за земјоделците и би ја претворил земјата која сега е најголем примател на помош во храна, во земја која ќе стане регионален извозник на храна.

Керолин Порко нè носи на Сатурн

TED2007

Керолин Порко нè носи на Сатурн
3,001,983 views

Планетарниот научник Керолин Порко покажува фотографии од патувањето на Касини до Сатурн, фокусирајќи се на неговата најголема месечина, Титан, и замрзнатиот Енцелад, кој како да исфрла млазеви од мраз.

Стивен Пинкер за јазикот и мислата

TEDGlobal 2005

Стивен Пинкер за јазикот и мислата
2,457,061 views

Во ексклузивно интервју за промоција на новата книга „Како мислиме“, Стивен Пинкер го разгледува начинот на кој јазикот го изразува она што го мислиме и како со зборовите што ги избираме кажуваме многу повеќе од она што сме го наумиле.

Стивен Пинкер за митот за насилството

TED2007

Стивен Пинкер за митот за насилството
3,009,786 views

Стивен Пинкер го анализира опаѓањето на насилството од библиско време до денешницата и тврди дека, иако навидум нелогично или дури опсцено заради Ирак и Дарфур, ние живееме во најмирниот период во историјата на постоењето на нашиот вид.

Алисон Хант добива (нов) колк

TED2007

Алисон Хант добива (нов) колк
635,855 views

Кога Алисон Хант открила дека ѝ е потребен нов колк, а и дека Канадскиот национален систем за здравствена заштита бара од неа да помине скоро 2 години на листата на чекање (и со болки), ги зела работите во свои раце.

Ривс за четири наутро.

TED2007

Ривс за четири наутро.
4,130,873 views

Поетот Ривис раскажува лирично оригами, виткајќи ја историјата во серија случајни настани кои се однесуваат на тој најчуден час, четири наутро.

Џеф Хокинс: Како науката за мозокот ќе ја промени технологијата на компјутерите

TED2003

Џеф Хокинс: Како науката за мозокот ќе ја промени технологијата на компјутерите
1,674,773 views

Џеф Хокинс, создавачот на Трео, нѐ поттикнува да гледаме на мозокот на еден поинаков начин-да го гледаме, не како брз процесор туку како мемориски систем кој ги зачувува и повторно ги прегледува искуствата кои овозможуваат на интелигентен начин да предвидуваме што ќе се случува понатаму.

Стјуарт Бранд за градови дивоградби

TED2006

Стјуарт Бранд за градови дивоградби
1,098,442 views

Руралните села низ целиот свет се напуштаат, како сто милијарди луѓе се сјатуваат во градовите за да живеат во дивоградби и гета. Стјуарт Бранд вели дека тоа е добра работа. Зошто? Ќе ви требаат 3 минути да дознаете.

Вилијам МекДоноу за дизајнот „од колевка во колевка“

TED2005

Вилијам МекДоноу за дизајнот „од колевка во колевка“
1,878,449 views

Еколошки-ориентираниот архитект и дизајнер Вилијам МекДоноу прашува како би изгледале нашите згради и производи ако дизајнерите ги земат во предвид да бидат „за сите деца, за сите видови, за сите времиња.“

Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата

TED2004

Ден Гилберт: Изненадувачките научни откритија за среќата
18,394,509 views

Ден Гилберт, автор на книгата Сопнати од Среќата, ја оспорува идејата која вели дека би биле несреќни доколку не го добиеме она што го сакаме. Нашиот "психолошки имун систем" ни овозможува да бидеме навистина среќни дури и кога работите не се одвиваат онака како што сме планирале.

Бери Шварц за парадоксот на избор

TEDGlobal 2005

Бери Шварц за парадоксот на избор
14,210,098 views

Психологот Бери Шварц го анализира централното начело на западните општества: слободата на избор. Проценка на Шварц, е дека изборот не нѐ прави послободни туку позаробени - и наместо посреќни, не прави понезадоволни.

Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе

TED2006

Ханс Рослинг ги прикажува најдобрите статистики што сте ги виделе
14,386,844 views

Никогаш не сте виделе податоци презентирани на ваков начин. Драматично, налик на спортски водител, мајсторот за статистика Ханс Рослинг ги разбива митовите за таканаречените „земји во развој“.

Ал Секел вели дека нашите мозоци се погрешно поврзани

TED2004

Ал Секел вели дека нашите мозоци се погрешно поврзани
2,460,814 views

Ал Секел, научник, когнитивен невролог, ги истражува перцептуалните илузии кои ги збунуваат нашите мозоци. Многуте визуелни трикови му помагаат да докаже не само дека е лесно да се излажеме, туку дека тоа на некој начин и ни годи.

Алекс Стефен гледа одржлива иднина

TEDGlobal 2005

Алекс Стефен гледа одржлива иднина
1,733,451 views

Основачот на Worldchanging.com, Алекс Стефен дискутира дека намалувањето на човековото загадување на природата е неопходно токму сега, кога западниот потрошувачки животен стил се шири во земјите во развој.