TED Talks with Macedonian transcript

Александер Бетс: Нашиот систем за бегалци не функционира.  Еве како можеме да го поправиме.

TED2016

Александер Бетс: Нашиот систем за бегалци не функционира. Еве како можеме да го поправиме.
959,835 views

Еден милион бегалци пристигнаа во Европа годинава- вели Александер Бетс,-и „нашиот одговор, искрено, беше беден.“ Бетс ги проучува принудните миграции, невозможните избори на семејствата, помеѓу камповите, урбаната сиромаштија и опасните, илегални патувања кон сигурноста. Преку неговиот прониклив говор тој нуди четири начини како да го промениме нашиот однос кон бегалците со цел тие да можат да придонесат во новите средини. „ Бегалците не мора да бидат нужен товар“, вели Бетс. „Тие се човечки суштества со вештини, таленти и стремежи, способни да придонесат-ако им дозволиме.“

Решна Саујани: Да ги учиме девојките на храброст, не на совршенство.

TED2016

Решна Саујани: Да ги учиме девојките на храброст, не на совршенство.
4,984,427 views

„Ги воспитуваме девојчињата да бидат совршени, додека момчињата ги воспитуваме да бидат храбри“- вели Решна Саујани, основач на „Девојки кои програмираат“. Саујани се зафати со задачата да социјализира млади девојки да преземат ризик и да учат програмирање-две вештни кои им се потребни да го придвижат општеството напред. „Доколку сакаме да создаваме вистински иновации тогаш не смееме да запоставиме половина од населението“-вели таа. „Сакам секој од вас да им каже на сите млади жени кои ги познавате, да се чувствуваат удобно во нивната несовршеност.“

Џадсон Бруер: Едноставен начин да се ослободите од лоша навика

TEDMED 2015

Џадсон Бруер: Едноставен начин да се ослободите од лоша навика
14,689,053 views

Можеме ли да се ослободиме од лошите навики така што ќе бидеме љубопитни за нив? Психијатарот Џадсон Бруер ја проучува врската меѓу медитацијата и зависноста -- од пушење до прејадување, па сè до оние нешта кои ги правиме иако знаеме дека се лоши за нас. Научете повеќе за механизмот преку кој се формира навиката и откријте едноставна, но моќна тактика која можеби ќе ви помогне да ја надминете потребата за пушење, грицкање или проверување на пораки додека возите.

Јанис Варуфакис: Капитализмот ќе ја изеде демократијата -- ако не кренеме глас

TEDGlobal>Geneva

Јанис Варуфакис: Капитализмот ќе ја изеде демократијата -- ако не кренеме глас
2,947,643 views

Сте се запрашале ли зошто политичарите не се она што беа, зошто владите не можат да ги решат вистинските проблеми? Економистот Јанис Варуфакис, поранешниот Министер за Финансии на Грција, вели тоа е така затоа што денешниве политичари немаат моќ -- затоа што вистинската моќ денес е во рацете на оние што ја контролираат економијата. Тој смета дека мега-богатите и корпорациите ја разјадуваат политичката сфера, преку финансиските кризи што ги предизвикуваат. Во овој говор, слушнете го неговиот сон за свет во кој капиталот и трудот повеќе не се борат еден против друг, "свет кој е истовремено либертаријански, Марксистички и Кејнезијански."

Џил Хејнерт: Мистериозниот свет на подводните пештери

TEDYouth 2015

Џил Хејнерт: Мистериозниот свет на подводните пештери
1,921,342 views

Пештерискиот нуркач Џил Хејнерт ги истражува скриените подводни патишта кои минуваат низ нашата планета.Работејќи со биолози, климатолози и археолози Хејнерт ги разоткрива мистериите на животните форми кои ги населуваан најзапуштените места на земјата и им помага на истражувачите да ја дознаат историјата на климатските промени. Во овој краток говор, нурнете под брановите и истражете ги чудата на внатрешната вселена.

Џејмс Вич: Еве што се случува кога ќе одговорите на спамиран мејл

TEDGlobal>Geneva

Џејмс Вич: Еве што се случува кога ќе одговорите на спамиран мејл
55,851,315 views

Сомнители мејлови: неподигнати обврзници од осигурување, дијамандски сефови, блиски пријатели заглавени во странство. Сите овие ни се појавуваат во инбоксот и обично ги бришеме веднаш. Но, што ќе се случи ако одговориме? Писателот и комичар Џејмс Вич раскажува смешна приказна за тоа како со недели си разменувал мејлови со спамер кој му ветувал голема зделка.

Аомава Шилдс: Како ќе најдеме живот на другите планети

TED2015

Аомава Шилдс: Како ќе најдеме живот на другите планети
1,734,106 views

Астрономот Аомава Шилдс бара траги дека живот може да постои на друго место во универзумот со тоа што ги истражува атмосферите на далечни планети. Кога не ја истражува небесата, класично тренираниот актер (и TED подружник) бара начини на кој може да ги вклучи младите жени во науката преку театарот, пишувањето и визуелната уметност. "Можеби еден ден тие ќе се придружат на астрономите кои имаат бројни контрадикции", вели таа, "и ќе ја користат нивната позадина да дознаат, еднаш за секогаш, дека не сме сами во универзумот."

Ваел Гоним: Да дизајнираме социјален медиум што поттикнува вистински промени

TEDGlobal>Geneva

Ваел Гоним: Да дизајнираме социјален медиум што поттикнува вистински промени
1,618,970 views

Ваел Гоним ја помогна Арапската Пролет со создавање на едноставна Фацебук страница. Како што раскажува, кога револуцијата излезе на улиците , прерасна од надежна во гнасна, грда и срце-кршачка. И социјалната мрежа исто се смена. Од место на идеи, разговори и делење прерасна во поларизирано бојно поле. Гоним прашува: Што можеме да направиме за нашето однесување на Интернет? Како можеме да ја искористиме социјалната мрежа да создадеме цивилизиран и културен дијалог?

Роберт Валдингер: Што го прави животот добар? Лекции од најдолгата студија за среќата

TEDxBeaconStreet

Роберт Валдингер: Што го прави животот добар? Лекции од најдолгата студија за среќата
31,511,567 views

Што нѐ прави среќни и здрави додека минуваме низ животот? Ако мислите дека тоа е славата и парите не сте сами,но според психијатарот Роберт Валдингер, грешите.Како директор на 75 годишна студија за развојот на возрасните, Валдингер има неограничен пристап до информации за вистинската среќа и задоволство. Во овој говор тој ќе ги сподели трите важни лекции научени од студијата исто како и неколку практични мудрости за тоа како да изградиме долг и исполнет живот.

Антонио Гутерес: Бегалците имаат право да бидат заштитени

TEDGlobal>Geneva

Антонио Гутерес: Бегалците имаат право да бидат заштитени
1,188,210 views

Високиот комесар за бегалци при Обединетите Нации, Антонио Гутерес смета дека можеме да ја решиме глобалната бегалска криза-тој дава силни, изненадувачки причини зошто мора да се обидеме. Во разговор со Директорот на ТЕД, Бруно Џусани, Гутерес ги објаснува историските причини на сегашната криза и дава осврт на расположението во Европските земји кои прават обиди да проверуваат, згрижат и најдат засолниште за стотици илјадници очајни семејства. Поголема слика: Антонио Гутерес повикува на мултилатерален пресврт кон прифаќање и почитување -спротивставување на групи како ИСИЛ и нивната анти-бегалска пропаганда и регрутирање.

Хари Клиф: Стигнавме ли до крајот на физиката?

TEDGlobal>Geneva

Хари Клиф: Стигнавме ли до крајот на физиката?
2,620,349 views

Зошто има нешто наместо ништо? Зошто постојат толку интересни ствари во универзумот? Физичарот Хари Клиф ги проучува елементарните честички и работи на Големиот Хадронски Колајдер во ЦЕРН. Тој има лоши вести за луѓето кои бараат одговори на овие прашања. И покрај големите напори на научниците (и помошта од најголемата машина на планетата), можеби никогаш нема да можеме да ги објасниме чудните аспекти на природата. Дали е ова крајот на физиката? Во овој фасцинантен говор дознајте повеќе за најновите сознанија кои допираат до тајната структура на универзумот.

Џејсон деКаирес Тејлор: Подводен уметнички музеј, преполн со живот

Mission Blue II

Џејсон деКаирес Тејлор: Подводен уметнички музеј, преполн со живот
1,650,316 views

За скулпторот Џејсон деКаирес Тејлор, океанот е многу повеќе од муза -- тој е простор за изложба и музеј. Тејлор креира скулптури на тема човечки форми и секојдневен животно на копно и потоа ги потопува до океанското дно каде морето ги презема и ги претвора од безживотен камен во енергични живеалишта за корали, ракови и други суштества. Резултатот: Енигматични, прогонувачки и шарени коментари за нашето минливо постоење, светоста на океанот и неговата моќ на регенерација што го одзема здивот.

Рејмонд Венг: Како бактериите патуваат во авионите -- и како да го спречиме тоа

TEDYouth 2015

Рејмонд Венг: Како бактериите патуваат во авионите -- и како да го спречиме тоа
1,821,024 views

Рејмонд Венг има само 17 години, но веќе придонесува за градењето на поздрава иднина. Користејќи флуидна динамика, тој направил компјутерски симулации за тоа како се движи воздухот во авионите. Она што го открил е вознемирувачко. Кога некоја особа ќе кивне во авион, движењето на воздухот овозможува да се прошират патогените до другите патници. Венг со нас споделува две работи. Анимација за тоа како кивавицата патува во внатрешноста на авионот и решение за овој проблем, за кое воедно добил награда. Тоа е направа која го зголемува протокот на свеж воздух во авионите и која го отстранува загадениот воздух.

Регина Хартли: Зошто најдобриот кандидат можеби ја нема најдобрата работна биографија?

TED@UPS

Регина Хартли: Зошто најдобриот кандидат можеби ја нема најдобрата работна биографија?
4,093,843 views

Кога постои избор помеѓу кандидат со совршена работна биографија и кандидат кој се борел со тешкотии, Регина Хартли, директорка за човечки ресурси, секогаш им дава шанса на „Борците“. Хартли, која самата израснала низ тешкотии, добро знае дека оние кои успеваат во најмрачните места имаат сила да издржат во услови на постојани промени на работни места. „Одберете го потценетиот натпреварувач чие тајно оруже е страста и целта“-вели таа. „Одберете го „Борецот“!

Карл Сафина: Што размислуваат и чувствуваат животните?

Mission Blue II

Карл Сафина: Што размислуваат и чувствуваат животните?
2,341,963 views

Што се случува во мозокот на животните? Можеме да знаеме што размислуваат и чувствуваат и дали воопшто тоа го прават? Карл Сафина смета дека можеме. Со примена на откритија и анегдоти од областа на екологијата, биологијата и бихевиоралната наука тој ги спојува приказните на китовите, волците, слоновите и албатросите за да потврди дека како што ние размислуваме, чувствуваме, употребуваме алати и изразуваме емоции, истото го прават и другите живи суштества и умови кои ја делат планетата Земја со нас.

Андреас Екстром: Моралните убедувања зад вашите интернет пребарувања

TEDxOslo

Андреас Екстром: Моралните убедувања зад вашите интернет пребарувања
1,550,129 views

Интернет пребарувачите станаа нашиот најверен извор на информации и арбитар на вистината. Но, дали воопшто можеме да добиеме објективни резултати од пребарувањата? Шведскиот автор и новинар Андреас Екстром, тврди дека такво нешто е филозофска невозможност. Во неговиот содржаен говор тој повикува да ги зајакнеме врските помеѓу технологијата и хуманистичките науки и нé потсетува дека зад секој алгоритам постои збир на лични убедувања кои ниту една шифра не може да ги искорени.

Мелиса Флеминг: Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани

TEDxThessaloniki

Мелиса Флеминг: Брод со 500 бегалци потона во морето. приказна за двајцата преживеани
1,697,668 views

На брод претоварен со повеќе од 500 бегалци, една млада жена станува неверојатен херој. Ова едноставна, силна приказна раскажана од Мелиса Флеминг, претставник на Агенцијата за бегалци при Обединетите Нации, ги отсликува човечките животи во нивниот обид да пребегнат кон подобар живот...додека бегалските бродови наидуваат...

Том Углов: Интернетот без екрани би можел да изгледа вака

TEDxSydney

Том Углов: Интернетот без екрани би можел да изгледа вака
1,718,807 views

Дизајнерот Том Углов креира иднина во која љубовта на човекот кон природни решенија и едноставни алатки коегзистира со нашата потреба за информации и уредите кои ни овозможуваат пристап до тие информации.“ Реалноста е побогата од екраните,“ вели тој. „Можеме да имаме свое среќно место исполнето со сакани информации, место во кое ќе се чувствуваме комотно и природно."

Џенифер Даудна: Сега можеме да ја менуваме нашата ДНК-но, да го правиме тоа мудро

TEDGlobal>London

Џенифер Даудна: Сега можеме да ја менуваме нашата ДНК-но, да го правиме тоа мудро
2,870,405 views

Генетичарот Џенифер Даудна, во соработка со други научници откри нова, револуционерна технологија за промена на гените, наречена CRISPR-Cas9. Новата алатка им овозможува на научниците да направат прецизни промени на ДНК низите, што би можело да доведе до лекување на генетски заболувања, нo истотака би можела да се употреби и за создавање на т.н. `дизајнирани бебиња`. Даудна објаснува на кој начин функционира CRISPR-Cas9 обраќајки се до научната заедница да запрат и да продискутираат за етичкиот аспект на новата алатка.

Тејтур: Домот е песната што секогаш ја паметам

TED2015

Тејтур: Домот е песната што секогаш ја паметам
1,099,161 views

За музичарот Тејтур, да се пее, значи да се даде дел од себе на другите. „Ако вашите намери се да ги воодушевите останатите или да добиете голем аплауз на крајот“, вели тој, „тогаш вие земате, не давате“. Слушнете го како пее на сцената на TED2015, две нумери за љубовта, далечината и домот.

Емили Вапник: Зошто некои од нас имаат повеќе занимања

TEDxBend

Емили Вапник: Зошто некои од нас имаат повеќе занимања
6,976,105 views

Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Ако не сте сигурни дека сакате да правите само една работа до крајот на животот, не сте единствени. Во овој просветлувачки говор, Емили Вапник, писател и уметник, ги опишува луѓето кои ги нарекува „мулти-потенцијалисти“-кои поседуваат низа на интереси и занимања во текот на животот. Дали сте вие еден од нив?

Семјуел Коен: Алцхајмер не е природно стареење-можеме да  ја излечиме.

TED@BCG London

Семјуел Коен: Алцхајмер не е природно стареење-можеме да ја излечиме.
2,376,932 views

Повеќе од 40 милиони луѓе во светот страдаат од Алцхајмерова болест и се очекува таа бројка драстично да порасне во наредните години. Во последните сто години од нејзиното класифицирање, не е направен вистински напредок во борбата против оваа болест. Научникот Семјуел Коен го споделува новото научно откритие произлезено од истражувањето на Алцхајмеровата болест во неговата лабораторија како и пораката за надеж. „ Алцхајмер е болест,“ вели Коен, “ и ние можеме да ја излечиме“.

Мајкл Кимел: Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.

TEDWomen 2015

Мајкл Кимел: Зошто родовата еднаквост е добра работа за сите-вклучително и за мажите.
2,097,955 views

Да, сите знаеме дека тоа е исправно. Но, Мајк Кимел, на практичен и забавен начин зборува за еднаквост на улогите на мажите и жените во домот и на работните места. За него тоа не е игра во која само еден победува туку игра во која двете страни се победници и која на сите им дава повеќе можности и поголема среќа.

ел Сид: Улична уметност со порака за надеж и мир

TED2015

ел Сид: Улична уметност со порака за надеж и мир
1,581,298 views

Роден во Франција во тунижанско семејство, ел Сид ужива да плива во различни култури, јазици и идентитети. Не е исклучок и неговата уметност, која вклучува арапска поезија во стил кој е инспириран од уличната уметност и графити. Во овој тивок, но страствен говор, уметникот и TED Пријател ја опишува неговата главна амбиција: да создаде уметност која е толку убава што нема потреба од превод.

Ној Трапај: Трговијата со бело робје е насекаде околу вас. Еве како функционира

TED2015

Ној Трапај: Трговијата со бело робје е насекаде околу вас. Еве како функционира
2,004,712 views

Позади секојдневните евтини работи што ни причинуваат задоволство - маникирот од 10 долари, неограничените ракчиња - е скриен светот на присилната работа која прави овие цени да бидат навистина ниски. Ној Трапај ја истражува трговијата со бело робје -- која цвета во САД и Европа, како и во земјите во развој -- и ни ги покажува човечките лица кои се дел од експлоатираната работна сила која ги храни консументите од целиот свет.

Јасмин Абдел-Магиед: Што значи мојата шамија за вас?

TEDxSouthBank

Јасмин Абдел-Магиед: Што значи мојата шамија за вас?
2,259,470 views

Несвесните убедувања се движечка сила во една култура кои преовладуваат и делуваат врз луѓето и нивните претстави во врска со потеклото и влијанијата. Овие неизречени предрасуди се однесуваат на многу нешта и време е да станеме поразумни, помудри и подобри. Во овој забавен и искрен говор, Јасмин Абдел-Магиед употребува еден необичен начин да не` предизвика сите нас да гледаме над нашите првични согледувања.

Естер Перел: Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел

TED2015

Естер Перел: Естер Перел: Неверството во поинакво светло... Говор за секој кој некогаш љубел
14,857,688 views

Неверството претставува највисок облик на предавство. Но, дали мора така да биде? Терапевтот за врски, Естер Перел, истражува зошто луѓето изневеруваат, и открива зошто аферите се толку трауматични: затоа што ѝ се закануваат на нашата емоционална сигурност. Во неверството - таа забележува нешто неочекувано - израз на чезнеење и загуба. Говор кој мора да го погледне секој кој некогаш изневерил, или го изневериле, или пак, кој едноставно сака да го освежи својот поглед за тоа како да ги разбере врските.

Елисон Килинг: Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне

TEDGlobal 2014

Елисон Килинг: Постои подобар начин за умирање и архитектурата може да помогне
1,316,847 views

Во овој кус, провокативен говор, архитектот Елисон Килинг се осврнува на зградите во кои се случува смртта и умирањето-гробишта, болници, домови. Начинот на умирање се менува како и начинот на кој градиме за оние кои умираат..односно, можеби и тој треба да се промени. Неочекувано фасцинантен осврт на еден скриен аспект на градовите и нашите животи.

Итан Неделман: Зошто треба да ја запреме војната против дрогата

TEDGlobal 2014

Итан Неделман: Зошто треба да ја запреме војната против дрогата
2,031,417 views

Дали војната против дрогата носи повеќе штета откоку корист? Во својот храбар говор, Итан Неделман, реформатор на законот за дрога, страствено апелира да го завршиме ова „заостанато, безмилосно и унуштувачко“ движење и да ја искорениме трговијата со дрога. Тој ни дава две значајни причини зошто треба да се фокусираме на интелигентно решение на овој проблем.

Алеандро Аравена: Мојата архитектонска филозофија? Вклучете ја заедницата во процесот

TEDGlobal 2014

Алеандро Аравена: Мојата архитектонска филозофија? Вклучете ја заедницата во процесот
2,003,971 views

Кога пред десет години, ја доби задачата да изгради сто семејни живеалишта во Чиле, Алеандро Араваена се сврти кон една необична инспирација: мудроста на фавевилите и сиромашните квартови. Наместо да изгради огромна зграда со мали станови, тој изгради флексибилни, полу-живеалишта кои семејствата можеа да ги прошируваат. Проблемот беше сложен, но имаше едноставно решение кое дојде како резултат на заедничката работа со семејствата. Со помош на табла и чудесни фотографии, Аравена нѐ запознава со трите проекти кои на мудар начин создадоа прекрасен дизајн.