TED Talks with Macedonian transcript

Сем Ричардс: Радикален експеримент на емпатија

TEDxPSU

Сем Ричардс: Радикален експеримент на емпатија
1,777,039 views

Водејќи ги Американците од публика на TEDxPSU чекор по чекор низ мисловниот процес, социологот Сем Ричардс поставува невообичаен предизивик: можат ли да ги разберат - не да ги одобрат - туку да ги разберат мотивите на еден ирачки бунтовник? И оттаму, може ли вистински да ги разбереме другите и да чувствуваме емпатија кон нив?

Марчин Јакубовски: Нацрти со отворен код за цивилизацијата

TED2011

Марчин Јакубовски: Нацрти со отворен код за цивилизацијата
1,838,100 views

Користејќи вики и дигитални алатки за производство, ТЕД пријателот Марчин Јакубовски објави слободни нацрти за 50 фармерски машини, со што им дозволи на сите од нула да изградат сопствен трактор или комбајн. И тоа е првиот чекор во поектот да се напише упатство за цело само-оддржливо село (почетни трошоци: 10.000 долари).

Роџер Еберт: Ресоздавање на мојот глас

TED2011

Роџер Еберт: Ресоздавање на мојот глас
1,268,513 views

Кога филмскиот критичар Роџер Еберт ја изгуби долната вилица поради рак, тој ја изгуби можноста да јаде и зборува. Но тој не го изгуби својот глас. Во емотивен говор од ТЕД2011, Еберт и неговата жена Чез, со пријателите Дин Орниш и Џон Хантер, дојдоа заедно да ја кажат неговата забележителна приказна.

Ерик Витакер: Виртуелен хор, силен колку 2.000 грла

TED2011

Ерик Витакер: Виртуелен хор, силен колку 2.000 грла
4,549,867 views

Во трогателно и неверојатно вирално видео минатата година, композиторот Ерик Витакер предводеше виртуелен хор на пејачи од целиот свет. Тој зборува за креативните предизвици при создавањето музика со помош на Youtube, и ги открива првите две минути од неговото дело „Sleep“, со видео-хор од 2.052 пејачи. Целосното дело ќе биде премиерно прикажано на 7. април (да, на Youtube).

Патриција Рајан: Немојте да инсистирате на англискиот!

TEDxDubai

Патриција Рајан: Немојте да инсистирате на англискиот!
2,138,668 views

На TEDxDubai, долгогодишната професорка по англиски јазик Патриција Рајан изнесува едно провокативно прашање: Дали светот кој е фокусиран на англискиот јазик, го спречува ширењето на идеите на други јазици? (На пример: што доколку Ајнштајн требало да го положи испитот TOEFL?) Станува збор за одбрана од преведувањето и ширењето идеи.

Ханс Рослинг и волшебната машина за перење алишта

TEDWomen 2010

Ханс Рослинг и волшебната машина за перење алишта
2,973,428 views

Кој бил најголемиот изум на индустриската револуција? Ханс Рослинг гласа за машината за перење алишта. Со нови графици од Gapminder, Рослинг ни ја покажува магијата што се случува кога економскиот раст и електричната енергија го претвораат досадниот ден за перење во инетелектуален ден за читање.

Сара Кеј: Ако некогаш имам ќерка...

TED2011

Сара Кеј: Ако некогаш имам ќерка...
14,428,001 views

„Ако некогаш имам ќерка, наместо ’мама’, ќе ме нарекува ’Точка Б’“... започнува поетесата на кажаниот збор, Сара Кеј, во говорот кој поттикна две овации на ТED2011. Taa ja раскажува приказната за нејзината метаморфоза - од тинејџерка со широко отворени очи која се потопува во строфите во Bowery Poetry Club во Њујорк, до учителка која ги поврзува децата со моќта на себе-изразувањето преку проектот V.O.I.C.E. - при што изведува две прекрасни изведби на „Б“ и „Хирошима“.

Елизабет Линдзи: Грижа за човечкото наследство

TEDWomen 2010

Елизабет Линдзи: Грижа за човечкото наследство
533,253 views

Велат, кога ќе почине стар човек, е исто како да изгорела една библиотека. Антропологот Елизабет Линдзи, соработник на Нешенел Џеографик, е собирач на длабоко културно богатство кое се пренесува како приказни и традиција.

Патриша Кул: Лингвистичкиот гениј на бебињата

TEDxRainier

Патриша Кул: Лингвистичкиот гениј на бебињата
3,424,262 views

На TEDxRainier, Патриша Кул споделува зачудувачки пронајдоци за тоа како бебињата учат еден јазик наспроти друг - преку слушање на луѓето околу нив и собирајќи податоци за звуците кои треба да ги знаат. Интелигентни лабораториски експерименти (и мозочни скенирања) покажуваат како шестмесечни бебиња користат софистицирани размислувања за да го разберат својот свет.

Мајкл Паулин: Користење на генијалноста на природата во архитектурата

TEDSalon London 2010

Мајкл Паулин: Користење на генијалноста на природата во архитектурата
2,031,800 views

Како можат архитектите да изградат нов свет на одржливост и убавина? Учејки од природата. Во TEDSalon во Лондон, Мајкл Паулин зборува за трите навики на природата кои би можеле да ги трансформираат арјитектурата и општеството: радикална ефикасност на средствата, затворени циклуси и искористување на сончевата енергија.

Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира

TEDxSydney

Nigel Marsh/Најџел Марш: Како да направите балансот работа-живот да функционира
4,669,865 views

Балансот помеѓу работата и приватниот живот, вели Најџел Марш, е многу значаен за да се остави во рацете на вашиот работодавач. На TEDxSydney, Марш претставува идеален ден каде е избалансирано времето за семејството, времето за себе и продуктивноста - и ве охрабрува тоа да го примените.

Џоана Блејкли : Социјалните медиуми им ставија крај на родовите

TEDWomen 2010

Џоана Блејкли : Социјалните медиуми им ставија крај на родовите
1,490,974 views

Медиумските и рекламните компании сеуште ги користат истите стари демографски анализи за да ја разберат нивната публика, но таа станува се потешко да се прати кога се онлајн, вели истражувачката на медиумите Џоана Блејкли. Како што социјалните медуми ги надраснуваат традиционалните медиуми, и жените корисници се мнозинство спрема мажите, Блејкли објаснува што кои промени ја очекуваат иднината на медиумите.

Лиза Донели: Цртање со хумор за промена

TEDWomen 2010

Лиза Донели: Цртање со хумор за промена
1,435,431 views

Карикатуристот од Њујорк Лиза Донели споделува портфолио од нејзините мудри и смешни карикатури за модерниот живот - и зборува како хуморот може да им даде моќ на жените да ги сменат правилата.

Елизабет Лесер: Изведете го “Другиот“ на ручек

TEDWomen 2010

Елизабет Лесер: Изведете го “Другиот“ на ручек
1,460,477 views

Во воздухот лебди една гневна и поделена напнатост која се заканува да ја попречи современата политика. Елизабет Лесер ги разгледува двете страни на човечката природа кои ја создаваат оваа тензија -ги нарекува „мистик“и „воин“. Таа споделува еден личен и едноставен начин како да се започне со дијалог-да се оди на ручек со некој кој не се согласува со вас и да им се постават три прашања за да се открие што всушност има во нивните срца.

Неил Пасрича: Трите С за совршено

TEDxToronto 2010

Неил Пасрича: Трите С за совршено
3,207,333 views

Блогот на Нила Пасрича, "1000 Awesome things", ги слави едноставните животни задоволства, од бесплатното кафе до чистата постелнина. Во овој искрен говор одржан за време на конференцијата TEDxToronto, тој открива 3 тајни (сите започнуваат на буквата „С“) кои ќе доведат кон навистина чудесно живеење.

Deborah Rhodes: Тест кој пронаоѓа 3 пати повеќе тумори на дојка, и зошто не ни е достапен

TEDWomen 2010

Deborah Rhodes: Тест кој пронаоѓа 3 пати повеќе тумори на дојка, и зошто не ни е достапен
1,021,722 views

Работејки со тим физичари, Др. Дебора Родс разви нова алатка за пронаоѓање на тумори која е три пати поефикасна од традиционалниот мамограм за жени со густо ткиво на дојките. Импликациите за спас на животи се зашеметувачки. Па, зошто не сме чуле за нејзе? Родс ја споделува приказната зад создавањето на алатката и мрежата на политика и економија која ја спречува да се користи пошироко.

Аријана Хафингтон: Како да се успее? Спијте повеќе

TEDWomen 2010

Аријана Хафингтон: Како да се успее? Спијте повеќе
5,209,500 views

Во овој краток говор, Аријана Хафингтон споделува една мала идеја која може да ги разбуди оние поголемите: моќта на доброто спиење. Наместо да се фалиме со недостатокот од сон, таа не убедува да ги затвориме очите и да ја видиме големата слика: Ние можеме да го преспиеме нашиот пат до зголемена продуктивност и среќа -- и попаметно донесување на одлуки.

Брене Браун: Моќта на ранливоста

TEDxHouston

Брене Браун: Моќта на ранливоста
46,319,192 views

Брене Браун ја изучува човечката поврзаност -- нашата способност за емпатија, припадност, љубов. На еден прониклив, забавен говор на TEDxHouston, таа споделува еден длабок увид од нејзиното истражување, она кое ја однело на личен поход за сопствено запознавање како и разбирање на човештвото. Говор кој вреди да биде слушнат.

Шерил Сандберг: Зошто имаме помалку жени- лидери

TEDWomen 2010

Шерил Сандберг: Зошто имаме помалку жени- лидери
10,007,379 views

Шерил Сандберг, главен оперативен директор на Фејсбук, се осврнува на причините поради кои процентот на жени на врвни позиции е многу помал во однос на мажите и дава три силни совети за жените кои се стремат кон врвни раководни места.

Руфус Гриском + Алиса Волкмен: Ајде да зборуваме за табуата околу родителството

TEDWomen 2010

Руфус Гриском + Алиса Волкмен: Ајде да зборуваме за табуата околу родителството
2,430,863 views

Основачите на babble.com Руфус Гриском и Алиса Волкмен, ни излoжуваат 4 факти што родителите никогаш не ги признаваат - и зошто би требале да го направат тоа. Искрен говор, интересен и за оние кои самите не се родители.

Денис Датон: Дарвинова теорија за убавината

TED2010

Денис Датон: Дарвинова теорија за убавината
2,492,039 views

Во соработка со аниматорот Ендрју Парк, ТЕД ви ја илустрира провокативната теорија за убавината на Денис Датон - дека уметноста, музиката и останатите убави нешта, и покрај тоа што се чинат едноставни „во очите на набљудувачот“, се суштествен дел од човечката природа со длабоки еволутивни корени.

Патрик Шапат: Моќта на карикатурите

TEDGlobal 2010

Патрик Шапат: Моќта на карикатурите
893,869 views

Низ серија духовити поенти, Патрик Шапат дава добар пример на моќта на скромните карикатури. Неговите проекти во Либан, Западна Африка и Газа покажуваат дека, кога е во вистински раце, моливот може да предизвика сериозни проблеми и да спои луѓе кои инаку не би се споиле.

Стефано Манкузо: Потеклото на интелигенцијата кај растенијата

TEDGlobal 2010

Стефано Манкузо: Потеклото на интелигенцијата кај растенијата
1,305,118 views

Растенијата се однесуваат на еден необично интелигентен начин: се борат со предатори, ги зголемуваат до максимум можностите за исхрана... Но дали би можеле за нив да мислиме дека всушност имаат еден вид на интелигенција својствена за нив? Италијанскиот ботаничар Стефано Манкузо презентира интересен податок.

Тим Џексон: Економска проверка на реалноста

TEDGlobal 2010

Тим Џексон: Економска проверка на реалноста
1,082,826 views

Како што светот се соочува со рецесија, климатски промени, нееднаквост и т.н., Тим Џексон им поставува остар предизвик на постојните економски принципи, објаснувајки како би можеле да престанеме да ја потхрануваме кризата и да започнеме да инвестираме во нашата иднина.

Фабиан Хемерт: Менување на формата - можна иднина на мобилните телефони

TEDxBerlin

Фабиан Хемерт: Менување на формата - можна иднина на мобилните телефони
960,261 views

На TEDxBerlin Фабиан Хемерт прикажува една можна иднина на мобилните телефони -- променлива форма и променлива тежина на уредот кој "прикажува" информации без да мора да се гледа во него, нудејќи пријатно интуитивен начин на комуникација.

Кристиен Меиндертсма: Како свинските делови го вртат светот

TEDGlobal 2010

Кристиен Меиндертсма: Како свинските делови го вртат светот
1,301,838 views

Авторката на „Свиња 05049“ Кристиен Меиндертсма го разгледува чудесниот животен пат на обичната свиња чии телесни делови завршуваат во најмалку 185 не свински производи, од куршуми до вештачки срца.

Дерек Сиверс: Чувајте ги своите цели за себе

TEDGlobal 2010

Дерек Сиверс: Чувајте ги своите цели за себе
6,371,544 views

Прво нешто, кога ќе дојдеме на идеја за нов извонреден животен план, е да го раскажеме тој план некому. Но, Дерек Сиверс вели дека е подобро да ги чувате своите цели во тајност. Тој презентира истражувања кои датираат и од 1920тите да покаже како луѓето кои зборуваат за своите амбиции имаат помали шанси да ги постигнат.